• Latest
PROPAGANDA

Добредојдовте во свињарникот на пропагандата!

March 25, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш на ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО

Добредојдовте во свињарникот на пропагандата!

March 25, 2025 12:18
in ДЕЗИНФО, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
PROPAGANDA
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Кога се соочувате со чисти измислици, ноторни лаги и злонамерно искривување или целосно негирање на вистината и фактите, првата реакција е шок и неверување. Едноставно, не знаете како да реагирате. Најчесто, лагите ви предизвикуваат гадење. Најчесто решавате да не им се спротивставите, затоа што нивото е толку ниско, лагите се толку валкани, што самата помисла да ги негирате ве прави да се чувствувате како да сте влегле во свињарник. И таман кога ќе помислите дека го допреле дното, тие пристигнуваат со уште поголеми и повалкани лаги. Е, па, добредојдовте во свињарникот на пропагандата!

Навидум контрадикторно, но има нешто многу вистинито во тој свињарник. Кога ќе ги слушнете нивните лаги, ќе забележите дека тоа се, всушност, нивни исповеди. Како изгледа тоа?

Ги живееме првите денови на длабока тага по трагедијата во Кочани. Од секаде низ светот пристигнуваат пораки со сочувство и солидарност, но и прашања за одговорност и правда за жртвите. Што да им кажеме, што се случува овде? Единство, сложна општествена акција за соочување со последиците од трагедијата?

Не. Примитивна, груба и валкана битка од првиот миг по пристигнувањето на ужасната вест. И додека родителите и блиските на трагичните млади жртви во пожарот тонеа во незамислива болка, заедно со целата земја, режимот почна со операцијата за „контрола на штетата“.

Секој критички тон во медиумите и јавноста, секој израз на протест, па дури и обид јавно да се изрази тагата, сочувството и солидарноста – беа пречекани со исуканиот бајонет на пропагандната стража пред палатите на моќта. Без трошка совест и почит кон унесреќените, јавнаа на грбот на жртвите од оваа ужасна несреќа и се прогласија за единствени обвинители, судии и џелати. И не останаа на тоа, туку се прогласија и за единствени судии што одредуваат кој и како смее да тагува или да изрази сочувство и солидарност.

Допрва ќе бидат напишани анализите за тоа како машинеријата на авторитарната власт ги креира наративите со кои се релативизира и искривува реалноста, а одговорноста „се бара“ секаде, само не таму каде што навистина е. Кочани – заедно со сите нас – со генерации ќе ги носи лузните од оваа трагедија. Но, за жал, оваа трагедија ќе остане и како сведоштво за една власт на која единствено важно ѝ беше да опстане и притоа да ја задуши дури и помислата некој да покаже со прст кон неа. Притоа, власта ја искористи можноста – поточно, ја злоупотреби моќта – да испоапси колку што е можно повеќе политички противници.

Од првата изјава на властодршците па натаму – за трагедијата е виновна децениската корупција. И секој што не мисли така – мора да биде замолчен. Секој што ќе се дрзне да го изрази своето сочувство или да побара одговорност и правда на различен начин од тоа како бесчувствителните протагонисти на власта го замислуваат тоа – мора да биде обвинет дека ги „злоупотребува емоциите на унесреќените“.

И тука се содржи таа своевидна исповед на власта и нејзините пропагандисти!

Граѓанските собири ги означија како злоупотреба на емоциите. Всушност, токму тие ги злоупотребија емоциите на луѓето. Со сета жестина се наметнаа во секоја смисла на зборот – со спектакл! Со апсења и приведувања, со бескрајна низа од прес конференции на кои изрекоа пресуди без судење – замислете, сите на кои власта им пресуди без судење се од претходната власт.

Ја покренаа целата машинерија – по вертикала, хоризонтала и дијагонала – да ги замаглат фактите и да ги замолчат неистомислениците: добро познатите илузионисти, удобно распослани по телевизиите, интернет медиумите, социјалните мрежи. Го вклучија и системот на пораки преку мобилните апликации за комуникација.

Сите што размислуваат и говорат поинаку од власта ги прогласија за виновни.

Грдо, па и засрамувачки беше да се гледа како министерот за внатрешни работи се однесува кон јавноста, грубо и без трошка обѕири, одбива да одговори на прашањата, им се развикува на новинарите и им држи лекции по новинарство. Ни збор за функционирањето на органите во неговиот ресор со јасни законски обврски. Нека мавтаат колку сакаат со рацете и со снопчиња „документи и докази“ – и тој и премиерот – но и најнаивните можат да видат дека само си ги штитат функциите и ништо повеќе.

Мачно беше да се гледаат сцените во кои цел еден премиер избувнува и се заканува дека ќе влегува по домови и за уши ќе ги вади „одговорните“ со вкалкулирано (а сосема непотребно) вперување на прстот (и) кон Албанците (знаеме како се развиваат наративите после такви изјави). Па божем, тој го разбира гневот, но не можел да ги оправда „оние политички глодари и лешинари кои не сакаат силна влада од ВМРО, бидејќи е браник и последниот столб да не дозволи уништување на Македонија, како држава“. Празно, несоодветно, непотребно, бесмислено. Ништо тој не разбира и веќе ништо не е повикан да оправда или да не оправда. Сите усилби на неговото послушно медиумско-пропагандно стадо не помогнаа да се скрие голотијата на стравот од одговорноста.

Офанзивата на власта веројатно ќе поминеше како уште една многупати видена епизода во која власта се штити себеси, а останува на луѓето сами да се справуваат со траумите од трагичните несреќи. Но власта и нејзините пропагандни експоненти се занесоа, па видоа опасност и во секој млад човек што излезе на улица со транспарент со критика, осуда или барање за одговорност.

Токму така, на уставно и меѓународно гарантираното право на јавен собир одговорија со пропаганден иперит, со најгрди можни лаги и клевети. Меѓу другите, нѐ посочија мене и ЦИВИЛ како организатори. Тргнаа во лов на глави со кој само ја открија сопствената злоба и бесчувствителност. Но ние и не сме важни, го знаеме секое шрафче на нивната машинерија, безброј пати бевме и сега сме мета на нивните скапи агитпроп операции кои завршуваат неуспешно и самите себеси се разобличуваат.

Грдо е тоа што пропагандата им се нафрли на младите, на студентите, на секој добронамерен човек што почувствува потреба да ги изрази своите ставови, емоции, солидарност, револт… Зошто? Зошто, по ѓаволите!?!?

Веројатно власта процени дека оваа ужасна трагедија е опасна за нејзиниот опстанок. Затоа, го впрегнаа сиот свој пропаганден добиток за да ја наметнат својата и само својата вистина и дефиниција за тоа што смее да се подразбира под поимот одговорност. Нивната вистина е дека за оваа трагедија не може (и не смее) да се побара никаква – па ни морална и политичка одговорност – кај тие што имаат фактичка и актуелна надлежност, задача и одговорност. Според власта, одговорноста може и смее да се бара само во минатото. (Јасно ми е каде ќе тргнат сега разјарените барабанџии на власта по овој текст, но нема да им помине.)

И тука може да се препознае уште една ненамерна исповед на власта. Не се важни луѓето. Не се важни длабоките траги од несреќата и неизвесноста со која се соочени унесреќените и целото општество. Важна е власта. И таа ќе се брани на сите можни начини – со времеплов.

Лесно е да се отворат раните од минатото, но тоа не може да ја намали болката на сегашноста.

Не еднаш сме заклучиле дека многу генерации политичари (во силна спрега со сите „фактори“ во општеството и системот), учествуваа во креирање на културата на корупција. Тоа е култура во која доминираат неодговорност, алчност за пари и лажен сјај, непрофесионалност, бескрупулозно профитерство и злокобно отсуство на основни стандарди за превенција, безбедност и грижа за луѓето, за нормално функционирање на нештата – и чистата глупост. И тоа секојдневно го доведуваат во ризик нашиот и животот на нашите деца и млади.

Безброј пати сме кажале што мора да се преземе итно, на среден и долг рок, за да се извлечеме од бескрајната надолна спирала на корупцијата во сите сфери на општествениот и политичкиот живот. Знаеме дека сето тоа е покриено со дебелиот слој на системскиот заборав, освен кога е потребен цитат за некоја докторска дисертација, меѓународна конференција или – предизборен политички говор.

Но ова горчливо (генерациско) сознание не ја намалува директната одговорност на тие што имаат јасни законски обврски да се грижат за безбедноста и сигурноста на луѓето во моментот кога се случуваат нештата.

Со други зборови…

Не прифаќам некој да покажува со прст кон другите, а нема интегритет, храброст и доблест да се соочи со сопствената одговорност. Не прифаќам некој да ми држи лекции за корупцијата во минатото, кога тој истиот е корумпиран во сегашноста.

Како и да е, наспроти сите димни бомби што ги фрли власта, сепак, не ѝ тргна од рака да се извлече. Гасениците на власта и нејзиниот пропаганден апарат тргнаа да газат сѐ пред себе – во напад што е толку насилнички и вулгарен, колку што е и апсурдно несразмерен.

Тоа и го означи крајот на „робусниот“ обид за манипулација. На луѓето им стана јасно – одговорија со остар револт против лагите. Одамна не сум видел толку многу остри реакции против мрсните лаги, клеветите и заканите што ги шири власта директно и преку медиумските лижачи на чизми. Заглавија во сопствената кал.

Трагедијата ќе нѐ следи сите нас, стравот од нови несреќи во еден лош систем и длабоко вкоренета корупција ќе остане, но власта – оваа власт – ќе ја следи и ќе ја докрајчи нејзиниот сопствен, крајно безобразен обид да се извлече од одговорноста, на сметка на сите други.


Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    173 shares
    Share 69 Tweet 43
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ