• Latest
Џабир Дерала

Добредојдовте „зад димната завеса“

April 15, 2022
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Добредојдовте „зад димната завеса“

Или: како пропагандата се обидува да ја убие вистината... #ЗадДимнатаЗавеса

April 15, 2022 07:43
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ЕДИТОРИЈАЛ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, не се предава и води војна против Русија. Тој требаше да се предаде и да ѝ дозволи на руската армија да навлезе во Украина и да ја окупира. Наместо отпор, тој требаше да организира цветни дефилеа и шпалири од луѓе кои фрлаат со цвеќиња по колоните руски тенкови и оклопни возила, како што тоа го планираше Путин. Тогаш, немаше да има (толку) цивилни жртви.

Вака некако изгледа (дел од) пропагандната димна завеса која, по потреба, се спушта и се подига во јавноста, како во Северна Македонија, така и насекаде низ светот.

Добредојдовте „зад димната завеса“. Неуморната екипа на ЦИВИЛ продолжува да ги растерува темните облаци од дезинформации и пропаганда. Главно оружје на оваа екипа се фактите на реалноста таква каква што е. Тоа е исклучително тешка задача, бидејќи во овие тешки конфликтни времиња, вистината е првата жртва на боиштата, и оние политичките и воените.

Во јавноста, како кај нас, така и насекаде, главна тема е руската агресија врз Украина, а со тоа и дезинформациите и пропагандата на оваа тема се најинтензивни.

ЛАГИ

Кои се најчесто повторуваните дезинформации и пропагандни пораки на кои сведочиме во текот на изминатите години, а особено во текот на изминатите месеци непосредно пред и веднаш по почетокот на бруталната војна во Украина? Ќе набројам само 10 од многуте дезинформации и пропагандни пораки со кои се манипулираат руската и светската јавност.

  1. ЛАГА: Русија не ја нападна Украина туку спроведува „специјална операција за денацификација“ на Украина.
  2. ЛАГА: Русија се обидува да спречи геноцид во Донбас.
  3. ЛАГА: Русија откри „тајни американски лаборатории за производство на биолошко оружје“ во Украина и затоа ја нападна, за да се одбрани од заканата.
  4. ЛАГА: Украина ја нападна Русија.
  5. ЛАГА: Мртвите тела во Буча се измислица, британските служби ја врамуваат Русија, Украинците самите се убивале меѓу себе.
  6. ЛАГА: Русија сака мир, но Украина не го сака тоа.
  7. ЛАГА: Украина постапува онака како што ќе кажат САД, ЕУ, НАТО…
  8. ЛАГА: Украина е измислена држава, не постои Украина, украинска нација и украински јазик.
  9. ЛАГА: Володимир Зеленски е нацист и не е легитимен лидер на Украина.
  10. ЛАГА: Зеленски е виновен што има цивилни жртви, затоа што не дозволи земјата да се предаде.

ФАКТИ

Русија ја нападна Украина со цел да ја окупира. Притоа, треба цело време да се има предвид дека војната започна во 2014 година со окупацијата на полуостровот Крим и областите Донецк и Луганск. За време на нападот и окупацијата на делови од Украина од 2014 година до почетокот на целосната инвазија на 24 февруари годинава, загинаа близу 14.000 луѓе.

Русија го помогна формирањето и ги вооружи паравоените формации во областа Донецк, каде што најбројна е Руската православна армија. Не може да се говори за геноцид во Донецк, бидејќи тоа е целосно апсурдно тврдење. Напротив, постојат докази за малтретирање и убиства на цивили од руските окупациони сили и руските паравоени формации во текот на целиот 8-годишен период.

Тврдењата за нацификација на Украина се манипулативни. Во Украина, како и во многу други земји во Европа, па и во светот, вклучително и во Русија, има неонацистички групи, а некои се организирани и во политички партии. Во Украина неонацистите се малубројни и немаат никакво влијание и немаат свој претставник во парламентот.

Володимир Зеленски по потекло е Евреин, а дел од неговите предци настрадале во Холокаустот. Тој не може да биде неонацист, дури и да сака.

Власта во Украина, Зеленски ја освои со 72,23% од гласовите на слободни и демократски избори во 2019 година. Една од неговите програмски определби беше и мирно решавање на конфликтот со Русија. Тој од првиот ден во својот кабинет се залага за мировни решенија и дијалог со Путин.

Додека целиот свет, медиумите и организациите за човекови права како Амнести Интернешнл и Хјуман Рајтс Воч, ОБСЕ и низа други сведочат за ужасните страдања на цивилното население од руската војска која убива и деца, систематски силува жени, девојчиња, а во еден случај и силување на бебе, што самиот руски војник сторител на злоделото го снимил и го покажувал наоколу – руската пропаганда зборува за наместени сцени или дека Украинците самите убивале цивили.

Геноцид спроведува токму Русија, што може да се види од застрашувачките и поразителни докази на теренот, по повлекувањето на руската војска од окупираните подрачја.

Украина е самостојна и суверена држава и нација, со посебен јазик, култура, традиција и богата историја – факти што се втемелени во науката и потврдени од сите релевантни светски институции. Тие факти не може да се побијат со обидите за есеи на рускиот претседател Путин, веќе озлогласен како воен злосторник и архитект на геноцидот во Украина.

Во Украина, како и во многу други земји, постојат лаборатории за медицински истражувања за борба против болестите и подобрување на работата во институтите за јавно здравје. Дел од нив се финансирани од САД, ЕУ и СЗО. Се работи за транспарентно финансирани проекти, како во Украина, така и во многу други земји во светот, објавени на веб страниците на донаторските институции. Русија тврдеше дека тоа биле „тајни американски лаборатории“. Дезинформациите ги креираше пропагандната кујна на Кремљ, а ги дистрибуираа екстремно-десничарски кругови во Европа и Кју Анон во САД.

Најапсурдното тврдење на Русија е дека таа се брани и дека Украина ја нападнала Русија. Тоа не е потребно посебно да се побива.

ЗАКЛУЧОК

Наспроти сите дезинформации и пропагандни пораки што Кремљ се обидува на сите можни начини да ги наметне во руската и светската јавност, фактите на реалноста и доказите од теренот во целост ги побиваат.

Фактите не може да ги уништи ниту една ракета на агресијата, колку и да е разорна. Стравот не може да ја промени вистината, ниту илјада пати повторените лаги. Бројот на луѓето заведени од пропагандата не е доказ за вистинитост. Напротив. Ако владее уверувањето дека Земјата е рамна, не значи дека таа и навистина е рамна.


„Зад димната завеса“ е заеднички наслов на серија панел дискусии и презентации што ќе ги одржи ЦИВИЛ во наредните шест месеци. Ова е воведот во првото издание посветено на дезинформациите и пропаганда, емитувано во живо на 14 април 2022.

Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на оваа содржина според лиценцата Creative Commons 4.0.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ЦЕЛАТА ДИСКУСИЈА
#ЗадДимнатаЗавеса

Следете го ЦИВИЛ

Фејсбук  |  Твитер  |  Инстаграм 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ