• Latest

Додека војниците се борат за живот – Генералштабот молчи, а генералите прославуваат

March 23, 2018

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Додека војниците се борат за живот – Генералштабот молчи, а генералите прославуваат

March 23, 2018 13:40
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Дел од медиумите во Република Македонија ја информираа јавноста дека во касарната во Тетово, во еден од хангарите, додека го чистеле оружјето, биле повредени двајца војници на Армијата на Република Македонија. Со цел да дознаам нешто повеќе за настанот, го пребарав сајтот на Министерството за одбрана и страната на АРМ, за жал немаше дополнителни информации. Впрочем, и во медиумите, како извор на информации за настанот, беа спомнати медицинските институции каде што се згрижени војниците, но не и од надлежните каде што се случил настанот.

Пишува: Велин Стојановски

Во формацискиот состав на Генералштабот постои канцеларија за односи со јавноста која требаше да ја информира јавноста за тоа што навистина се случило. Сето ова ме потсети на еден настан во Националната Гарда на Вермонт од 14 март годинава. Таму, за време на вежбовна активност во планински терен, од лавина биле повредени шест војници, а јавноста беше информирана во истиот момент. Секојдневно, на официјалниот Фејсбук профил на Националната гарда се објавуваа информации за здравствената состојбата на војниците.

Кај нас, за жал, додека војниците се борат за својот живот, од Генералштабот молк.

Веројатно се молчи, затоа што секој професионалец кој ги познава стандардните процедури за време на вежбовните активности, а пред сè постапките кои морало да се спроведат по завршената активност, знае дека оклопен транспортер со наполнет митралез никако не смеел да ја напушти вежбовната територија и да учествува во јавниот сообраќај од Штип до Тетово. Веројатно, не се почитувани ни стандардните процедури при симнувањето и преносот на митралезот во хангарот во касарната во Тетово, каде што се случил настанот.

Во некои други времиња, од пред само неколку години, додека се почитуваа одредени вредности и генералите се унапредуваа според заслугите, а не по родински и пријателски врски, генералите ќе беа цел ден пред операционите сали и ќе се грижеа за војниците.  Срамно и непрофесионално е, додека војниците се во операциона сала и се борат за својот живот, генералите да се пијанчат во касарната во Куманово и да го прославуваат унапредувањето на Зоран Милески во повисок чин.

Можете да се удирате во гради и да се фалите со унапредувањата, но со својот непрофесионализам и односот кон војниците покажавте дека не заслужувате да ја водите Армијата. Зарем треба да ве потсетам дека вашето место по настанот беше во здравствената установа, каде се згрижени војниците и заедно со семејствата на повредените војници да преземете мерки да ја добијат најдобриот здравствена нега, со цел од здобиените повреди да не останат последици по здравјето на вашите војници?

За разлика од вас, Министерката за одбрана најде време и ги посети војниците.

Грижата за војниците не се покажува со тоа што ќе се натпреварувате кој повеќе ракија или пиво ќе испие, грижата се покажува со тоа што ќе бидете со војниците. Да бевте со војниците на обуката, на спортските активности или на стражарските места, ќе знаевте дека војниците носат искинати чизми и униформи, за спортска опрема ги користат војничките пододела и други делови од униформа, а на стража се хранат со сендвичи кои сами си ги купуваат, оти храната која ја обезбедувате е еднолична.

Дали треба да ве прашам кога последен пат некој од вас одиграл партија шах, баскет или фудбал со некој од војниците? Веројатно никогаш.

Од овој настан треба да ја научите основната војничка лекција, дека генералите се во армијата затоа што има војници, а не спротивно, војниците затоа што има генерали.

На повредените војници од сè срце им посакувам што побрзо здрави и без последици да се вратат на своите работни места.

 


Авторот е магистер по национална безбедносна стратегија и полковник во пензија.

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ.

 

 

Tags: АРМвојнициГенералштабмонепочитувањеоклопно возилоповреденипрославапроцедури
Share188TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ