• Latest

Докиќ: Бројот на заболени очекуваме да се намали за две недели

April 8, 2021
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Докиќ: Бројот на заболени очекуваме да се намали за две недели

April 8, 2021 21:40
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Најголем број 80 проценти од лицата кои доаѓаат во тријажните Ковид центри се со лесна клиничка слика и не треба хоспитализација затоа што немаат потреба од кислород. Доколку кај некој се утврди потреба од хоспитализација од сиптомите се одредува каде има слободно место адекватно за неговата состојба. Ниту еден пациент не е вратен, вели проф.др. Дејан Докиќ директор на Клиниката за пулмологија и координатор на ковид центрите на Клиничкиот центар.

Според него, вирулентноста на британскиот сој на коронавирусот кој доминира во земјава заедно со индивидуалната способност на имуниот систем, потоа факторот на возраста и коморбидитетните состојби, се причина за високата смртност.

-Смртноста кај нас во ковид-центрите на интерните клиники е 25 проценти. Во европски рамки е од 22 до 30, значи ние се наоѓаме некаде на средина од оние бројки коишто се во другите европски земји. Од тие што починале повеќе биле мажи. Старосната група на оние што починале најголем број се меѓу 70 и 80 години, па потоа меѓу 60 и 70, значи не е изненадувачки. Во однос на коморбидни состојби кај тие што починале во најголем процент била застапена хипертензијата или покачениот крвен притисок, па потоа следат кардиоваскуларните заболувања, па дијабетесот, обезноста, респираторните болести, бубрежни болести итн. Тоа се оние статистики коишто ние ги имаме и варијаблата која што е предиктор на смртта е сатурацијата на крвта со кислород на прием. Колку е пониска толку е поголема шансата да умре пациентот. Сите овие состојби заедно со вирулентноста на вирусот придонесуваат да имаме една ваква смртност, рече Докиќ во гостувањето  на Тема на денот на Сител Телевизија.

Тој воедно, подвлекува дека карактеристично за овој мутиран вид на вирусот е што ги напаѓа помладите, а компликаците и влошувања се јавуваат подоцна. Причина за смртноста кај нив се можни проблеми, дефекти на имунолошкиот систем кој не може да се избори со вирусот.

-Оние што пред две недели биле релативно добри, после две недели настанува влошување со можна смрт. Овие бројки сега се одраз на она што се случувало пред две недели. Сега со намалување на бројката, мерките дополнително тоа ќе го подобрат, тие бројки верувам дека за две недели ќе опаднат, наведе Докиќ.

Подвлекува дека има доволно број на кревети, но исто така и медицински персонал којшто е спремен да биде ангажиран ако има потреба. Очекува епидемијата да опаѓа но, дополнителен капацитет, има на Институтот за рехабилитација Козле којшто веќе има на призмеје 38 кревети околу 36 се веќе зафатени со пациенти, но има уште два ката кои што се комплетно гасифицирани на централен довод на кислород, со  по 38 кревети.

Во однос на вакцинацијата Докиќ посочува дека се уште мал број на луѓе се вакцинирани во државава и сигурно уште долг низ на месеци ќе нема да го имаме посакуваниот колективен имунитет, но смета дека вакцинирањето е еден од најважните начини да се спречи епидемијата не само кај нас, туку во светски рамки, така што треба да се почитуваат сите препораки за вкацинаирање.  

Освен кај Астра Зенека за која ЕМА и Комитетот за заштита за сигурност на вакцините укажа дека постои редок несакан ефект од вакцинацијата на зголемено згрутчување на крвта, кај вакцините што сега ги имаме и што се најавени дека ќе дојдат, вели, не постои некоја контраиндикација за вакцинирање. Единствено вели, се можни алергиски реакции кај многу мал број на пациенти коишто се алергични на составните делови на вакцините. 

-На пример полиетилен гликол или некои други конзерванси коишто ја стабилизираат практично вакцината. Оние коишто се алергични на пеницилин или аналгин или апсирин или на некаква храна, или на некакви други лекови или на полени можат да се вакцинираат па макар имале и потешка клиничка слика тогаш кога биле алергични на соодветниот алерген. Не постои значи контраиндикација но една претпазлвост би требало да постои во смисол на тоа дека тие треба да останат малку подолго време до 30 минути на местото на вакцинацијата, а таму се спремни пунктовите со антишок терапија, бидејќи тоа е пропис и регулатива. Така  што, не верувам и не сум чул дека во Македонија од кога почна вакцинацијата дека има некаква алергиска реакција при вакцинирањето со која било од вакциниве, вели Докиќ.  

За информациите во некои медиуми дека, наводно долгото носење маска може да предизвика пневмонија кај пацинетите, Докиќ вели дека е апсолутна заблуда мислењето дека носењето маски може да биде штетно по здравјето.

– Пневмонијата настанува ако се секретираат и инхалираат бактерии било од долните дишни патишта или од горните, но не игра улога дали носите маска или не. Правени се испотувања во кои да може да најдете некои бактерии од носот на маската но тие во никој случај не можат да направат ниту  воспаление на горни ниту на долни дишни патишта во смисол на пневмонија. Националниот центар за превенција и лечење во Америка укажува дека доколку правилно се употребуваат маските асолутно не претставуваат некој недостаток кај тие пациенти ниту  може да предизвика некоја болест, но се разбира, да се носат онолку долго колку што се препорачани и правилно да се употребуваат, вели пулмологот, подвлекувајќи дека покрај маската важни се и дистанцата и хигиената на рацете.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ