Од ИПА програмата за 2013 година, ЕУ на 9 институции им донирала компјутерска и серверска опрема вредна речиси 2,4 милиони евра. Целта била да се вмрежат државните органи надлежни за справување со корупцијата и криминалот, меѓу кои и Антикорупциската комисија. ДКСК чекаше нови простории за опремата да може да ја стави во функција.
Oпремата била дел од избор на примерок на ИПА ревизијата и таму е нотирано дека тој хардвер не е во функција, онака како што бил наменет, а тоа може да предизвика и сериозни финансиски последици по земјата. Опремата се наоѓа во Министерството за правда, изјави директорката на Државната Комисија за спречување корупција, Билјана Ивановска за 360 степени.
Од Делегацијата на ЕУ во земјава велат дека доколку опремата од програмата на ИПА не се стави во употреба до 31 март, тогаш државата ќе треба да и ги врати парите на Европската Комисија.
ДКСК минатата недела распиша тендер од околу 700 илјади евра, за софтвер за електронско поврзување со други институции и за изработка на регистар на избрани и именувани функционери а Ивановска најави и промени во приоритетот на работата на Комисијата