• Latest
Д-р Татјана Колевска, онколог и хематолог. Фото: Мета.мк

Докторка од Скопје во тимот експерти формиран од Бајден, бараат лек кој ќе ја намали смртноста од рак за 50 отсто

August 23, 2023

Вучиќ пред утрешните протести на студентите: Не го прифаќаме ултиматумот

June 27, 2025
Фото: Militarnyi

Кијив тврди: Русија употребиле хемиско оружје 888 пати само во мај оваа година

June 27, 2025
Фото: МИА

САД и Кина потврдија дека постигнале договор за крај на трговската војна

June 27, 2025

Руски агенти осомничени за подметнување пожари на воени камиони во Германија

June 27, 2025
Славјанка Петровска 

Фото: Цивил / Архива

Петровска за Цивил: Одбраната не е само оружје, туку стратегија за развој и безбедност – 5% од БДП е шанса, не товар

June 27, 2025

Гоцевски за Цивил: НАТО и ЕУ во лавиринт – Македонија меѓу интереси и сојузи

June 27, 2025

Едвард Џозеф за ЦИВИЛ: НАТО самитот во Хаг беше успешен – добивме силна изјава за Член 5 и импресивен договорот за зголемени трошоци за одбрана

June 27, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанската влада ќе биде акционер во одморалиштето на Кушнер во Сазан; Уставниот суд на Косово им даде рок од 30 дена на пратениците да го конституираат собранието

June 27, 2025
Фото: Скриншот од видео на TIMES NOW

Борејќи се за преживување, Хамас се соочува со бунтовни кланови и сомнежи во врска со Иран

June 27, 2025

Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

June 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Докторка од Скопје во тимот експерти формиран од Бајден, бараат лек кој ќе ја намали смртноста од рак за 50 отсто

„Едно од најголемите откритија е тест кој може да открие генетски материјали во крвта, од клетките на рак. Работиме на создавање на овој тест кој ќе може да открие повеќе од 50 видови на рак“, вели д-р Колевска

August 23, 2023 11:01
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
Д-р Татјана Колевска, онколог и хематолог. Фото: Мета.мк

Д-р Татјана Колевска, онколог и хематолог. Фото: Мета.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Д-р Татјана Колевска е онколог, хематолог и медицинска директорка која ја води националната онколошка програма на американската компанија „Каисер Перманенте“ во Калифорнија, што покрива грижа и лекување на повеќе од 12 милиони луѓе низ САД. Д-р Колевска, која инаку е родена во Скопје, води многу клинички студии што постојано истражуваат нови лекови за ракот. Неодамна беше гостинка во Белата куќа во Вашингтон, како дел од нејзината работа во „Moonshot” проектот на американскиот претседател Џо Бајден.

Она што е интересно е што таа е дел од тимот составен од американскиот претседател, а кој треба во следните 25 години да најде лек за ракот, односно, преку иновативни начини да ги намали смртните случаи од рак на дебелото црево за 50 отсто. Во ова интервју за Мета.мк, докторката зборува за најновите сознанија и третман на болеста.

Д-р Колевска, вие сте родум од Скопје, а веќе со години живеете и работите во САД. Можете ли да ни раскажете за почетоците, за интересот за медицински науки, каде го стекнавте вашето образование? 

Колевска: Завршив основно образование во некогашно „Браќа Рибар“ а денешно „Димитар Миладинов“, а потоа се запишав во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје. Медицински факултет завршив во Загреб, а специјализирав онкологија и хематологија на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Инспирацијата да помагам на луѓе во неволја, дојде од моите родители и баба ми Цвета. Тие постојано ме учеа дека помошта што ја пружаме на другите лица е најголема награда во животот, дека тоа нè исполнува со чувство на задоволство и благодарност, на начин на кој поинаку е невозможно да се постигне. Моите наставници од Скопје ме научија дека тешката и напорна работа го облагородува човекот и го осмислува неговиот живот. Сѐ уште се сеќавам на мојата наставничка Светлана Гогова, која и денес ми е синоним за човек со највисок интегритет.

Развојот на вашата професионална кариера ве одведе во САД. Како се случи да заминете таму?

Колевска: Јас сакам да се бавам со научни студии кои истражуваат нови лекови, а кои овозможуваат да им се помогне на луѓето со канцер. Во САД имав најголема можност да ја остварам таа своја желба. Многу ме интересира компјутерскиот дел на медицината, па затоа во САД имав можност да создадам Дигитален онколошки центар, со помош на кој луѓето од цела Америка можат да добијат консултација од доктори-експерти, независно од тоа каде се наоѓаат и на која физичка оддалеченост се. Се надевам дека во блиска иднина и македонските пациенти ќе можат да користат такви услуги. Исто така, медицината во САД напредува многу брзо, а јас многу се радувам и сум горда што сум дел од најновите сознанија за ракот.

Интересен факт е тоа што сте една од докторките која е дел од тимот составен од американскиот претседател Џо Бајден, а кој треба во следните 25 години да најде лек за ракот. Поточно, како тим имате национална цел – за 50 отсто  да ги намалите смртните случаи од колоректален карцином. Колкумина доктори сте во тимот и дали можете да ни опишете што поточно работите?

Колевска: Многу е битно да се нагласи дека 42 отсто од ракот може да се спречи, да се превенира. Најдобар начин е да се спречи неговата појава и создавање во организмот. Многу современи интервенции и истражувања се токму во таа насока. Пушењето е број еден на листата фактори кои прават рак во организмот. Битно е да се нагласи дека непушачите што се во просторија со луѓе кои пушат (на пример, децата) исто така имаат зголемен ризик од појава на рак. Во Белата куќа имавме детални дискусии за национални акции да се елиминира пушењето и да се заштитат животите на луѓето што пушат или пак, се во иста просторија со пушачи. Голем број експерти се дел од тие акции, од експерти за лекови што помагаат да се престане со пушење, до експерти за емотивна поддршка на пушачите во процесот на откажување од цигари. Јас работам на намалување на смртноста од рак на дебело црево. На состанокот за рак на дебело црево во Белата куќа посебна важност му дадовме на фактот дека бројот на млади пациенти со оваа дијагноза е во пораст. Многу акции се во тек, а имаат за цел да откријат зошто настанува овој пораст и како истиот да се стопира. Почнуваме со скрининг за рак на дебело црево кај помлада популација, посебно ако и други членови на семејството се соочиле со истата болест.

Пациентите многу често надеж и спас гледаат во маслото од канабис, како едно од оружјата во борбата против канцерогените клетки. Има илјадници случаи во светот на успешно извојувани битки токму со помош на канабионидите. Кое е вашето мислење и став во однос на овој начин на третман? 

Колевска: Има многу супстанци кои традиционално се користеле и се користат против оваа болест, а канабисот е една од нив. Луѓето кои имаат рак се често подготвени да веруваат во други опции, посебно ако науката нема решение. Научните студии покажуваат дека канабисот го зголемува ризикот од рак на тестиси (non-seminoma) и една голема студија (Mendelian, во која учествуваа 85.716 луѓе) покажа дека има корелација со посебен тип на рак на белите дробови. Досега, нема солидни научни студии дека канабисот може да го излечи ракот. Ефектот на канабисот на нервниот систем може да помогне во лечење на болки и тој обично е во форма на таблети (dronabinol ili nabilone).

Kaко докторка специјалистка, вие водите стратегии за превенција, дијагноза и третман на рак за повеќе од 12 милиони луѓе во САД. Што значи ова за вас?

Колевска: Медицината во САД оди напред многу брзо. На пример, во 1950 година, биле потребни 50 години, за да се удвои знаењето за медицината. Во 1970 година, за истото биле потребни 10 години, и токму затоа американските доктори имаат специјалистички испит на секои 10 години. Денес, медицинското знаење се удвојува на секои три месеци, а тоа прави на докторите да им биде потребен начин брзо и ефективно да дојдат до сознанија и податоци, за да може секој пациент да добие најнова терапија, која е поразлична од онаа што се препишувала пред три месеци. Една од акциите што јас ги водам, е да се создаде електронска помош за докторот, односно, да може да добие информација во најкус можен рок која е најновата и најдобра терапија за секој пациент посебно. Мојот тим создаде 150 „електронски патеки” (pathways), кои овозможуваат докторот кога е во електронските наоди на пациентот, веднаш да се информира кој е најновиот и најдобриот лек за конкретната дијагноза. Овие т.н. „електронски патеки“ се прегледуваат на секои три месеци од најдобрите американски експерти и по потреба се менуваат. На тој начин, сите наши онколози и хирурзи постојано препишуваат најнова и најдобра терапија. Во моментов, инаку работам и на проект со кој на пациентот му се овозможува, независно каде се наоѓа во светот, да може веднаш да добие препорака од американски експерт за рак.

Има ли начин да се превенира појавата на оваа подмолна болест?

Колевска: Апсолутно. Како што напоменав, речиси половина од случаите можат да се спречат. Најважни промени кои секој од нас може да ги воведе во начинот на живот и кои може да ги применува секој ден се: да не се пуши, кога сме на сонце да имаме облека што не штити од сончевата радијација (лесна облека со долги ракави, долги пантолони или фустан и капа), да ја спречиме дебелината, да ја намалиме консумацијата на алкохол, да ја подготвуваме храната со многу зеленчук и да не јадеме храна која е многу процесирана (хамбургери, колачи, чипсови) и да бидеме физички активни. Пушењето е причина за појавата на околу 30 отсто од дијагнозите на рак, дебелината околу 8 отсто, алкохолот – 7 отсто, сончевата радијација околу 5 отсто, пасивноста околу 3 отсто, а лошата односно процесирана храна околу 2 отсто. Значи ако секој ден не пушиме и не седиме во задимена просторија, ако јадеме свежо сварена храна со многу зеленчук (што ќе ја елиминира дебелината), ако носиме облека што не штити од сонце, ако наместо со кола одиме пешки, тогаш ќе го намалиме ризикот од појава на рак за половина. Тоа не е лесно да се постигне. Но, јас знам како изгледаат страдањата на луѓе кои се борат со рак и дефинитивно можам да кажам дека се исплати да се направи сè што може за да тој се избегне.

Што е она што може да го очекуваме како човештво во блиска или подалечна иднина, кога станува збор за лекувањето на канцерот?

Колевска: Едно од најголемите откритија е тест кој може да открие генетски материјали во крвта, од клетките на рак. Ние работиме на создавањето на овој тест кој ќе може да открие повеќе од 50 видови на рак (денес постои скрининг само за пет видови на ракот). За лечење најголема е иднината на имунотерапијата и таргет терапија за гени кои се изменети во клетките на ракот. Нашите имунолошки клетки ќе ги научиме како да се борат со ракот во организмот (на пример, CAR-T целуларна терапија) или препишување лекови за променети гени во ракот што ги нема во нормалните клетки (на пример, лек за тип на леукемија што има филаделфија хромозом, што беше смртна, пред употребата на лекот ги убива клетките што го имаат тој хромозом).

Koja е вашата порака за луѓето кои водат битка со оваа болест во моментов?

Колевска: Најважно е да имаат доктор на кој ќе му веруваат како и да ги следат неговите препораки. Исто така, важно е да бидат со нивните најблиски затоа што на нив им е потребна нивната поддршка. Важно е да се трудат да се чувствуваат добро, да го исполнат секојдневието и животот со позитивна енергија и ведрина. Ракот победува тогаш кога сме потполно преокупирани со него и кога целото време му го подаруваме нему.

Извор: МЕТА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: КолевскаонкологијаракСАД
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ