Никола Груевски не е дома. Во моментов, не е познато каде се наоѓа. Нему прво треба да сму се достави судското решение лично на рака, по што тој има обврска самиот да се пријави во затворот во Шутка. Доколку тоа не се случи до полноќ, се отвора законската можност да се распише потерница по него. Мала е веројатноста тоа да се случи пред понеделник.
Бројни новинарски екипи и љубопитници се собрани пред портите на затворот во Шутка и се забавуваат со размена на досетки. Екипата на ЦИВИЛ Медиа беше таму меѓу првите, а беше и пред живеалиштето на Груевски во Црниче, каде што е уште помирно отколку пред затворот.
Џ. Д.
Фотографија: Маја Ивановска