• Latest

Доналд Трамп прифатил средба со лидерот на Северна Кореја

March 9, 2018

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Доналд Трамп прифатил средба со лидерот на Северна Кореја

March 9, 2018 09:43
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Доналд Трамп ја прифатил поканата за средба со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг–ун, а местото и датумот ќе бидат дополнително договорени.

– Претседателот Трамп високо ги оцени убавите зборови на јужнокорејската делегација и претседателот (на Јужна Кореја) Мун. Тој ќе ја прифати поканата за средба со Ким Џонг-ун на место и време кои дополнително ќе бидат одредени. Очекуваме денуклеаризација на Северна Кореја. Во меѓувреме, сите санкции и максимален притисок треба да останат, изјави портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс.

Директорот на јужнокорејската Служба за национална безбедност Чун Ејо-јо, кој ја предводи делегацијата во Вашингтон, претходно изјави дека Ким Џонг-ун ветил оти ќе се воздржи од нови нуклеарни и ракетни проби. Претставникот на Сеул рече и дека Трамп изразил желба да се сретне со лидерот на Северна Кореја до мај годинава.

Според Трамп, пак, постигнат е голем напредок со Северна Кореја, но санкциите против неа ќе останат до склучување на договор.

– Ким Џонг-ун зборувал за денуклеаризација со јужнокорејските претставници,  не само за замрзнување на своите програми за нуклеарно оружје. Исто така, без ракетни проби на Северна Кореја во овој временски период. Постигнат е голем напредок, на санкциите ќе останат додека не се постигне договор. Средбата се планира, напиша Трамп на Твитер.

Претседателот на Јужна Кореја Мун Џaе-ин изрази уверување дека средбата на високо ниво меѓу САД и Северна Кореја ќе претствува почеток на ослободувањето на Корејскиот полуостров од нуклеарно оружје. Според портпарол на претседателството во Сеул, Мун им се заблагодарил на Трамп и лидерот на Северна Кореја за нивната „тешка одлука“ да се сретнат.

Премиерот на Јапонија, пак, Шиндзо Абе веднаш по објавата за средбата телефонски разговарал со Трамп, при што било потврдено дека меѓународната заедница треба да продолжи да врши максимален притисок врз Северна Кореја.

Во изјава во Токио, Абе изрази надеж дека најрано следниот месец ќе може да ги посети САД каде со Трамп ќе разговара за Северна Кореја и други прашања.

– Ја поздравуваме промената во ставот на Северна Кореја, истакна јапонскиот премиер по повод сигналите дека Пјонгјанг е подготвен да разговара за условите под кои би се откажал од своето нуклеарно оружје.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Доналд ТрампСАДСеверна Кореја
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ