• Latest

Доналд Туск, претседател на Европскиот совет

April 27, 2018
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Доналд Туск, претседател на Европскиот совет

April 27, 2018 12:33
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Доналд Францишек Туск е полски политичар, ко-основач и претседател на полската политичка партија Граѓанска платформа. Во период од 2007 станува премиер на Полска, а во 2011 парламентарните избори повторно е избран за премиер. Во 2014 година станува претседател на Европскиот совет и повторно беше избран за истата функција во 2017.

Во изминатиот период Туск се залагаше за помош од Европа за Македонија, за справувањето со бегалската криза.

Денеска е во посета на Македонија заедно со седум претседатели и еден премиер, како гости на претседателот Ѓорге Иванов, кој е домаќин на состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони.

На заедничката прес конференција со премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, Туск изјави дека почувствувал промена во политичкиот менталитет во Македонија и вистинска волја за придвижување на евроатлантската ингерација, како и дека  воочува храбро лидерство насочено кон иднината. Препораката од ЕК е најдобар доказ дека напорите на Македонија импресионирале многумина во Европа, истакна меѓу другото претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, на зедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев на која се обрати на македонски јазик. Туск изјави и дека нема подобро место од Скопје за да ја заврши балканската турнеја.

Според Туск, многу работи се промениле од 2015 година,  во времето кога ја посетуваше Македонија во обид  да се сопре приливот на мигранти. „Од тогаш, балканската рута е затворена и така треба да остане“, рече Туск.

Искажа благодарност на Македонија за запирањето на мигрантската рута, но и за поддршката за случајот Скрипал.

Процесот Брдо-Бриони се однесува на стабилизирање на состојбите во Западен Балкан со јакнење на регионалната соработка и европска интеграција на земјите од регионот.

Називот на иницијативата потекнува од земјите од каде потекнува идејата Хрватска и Словенија. Првата средба се одржува во 2013 меѓу претседателите на овие земји. Брдо во називот на иницијативата е поради првиот состанок на лидерите од регионот, а Бриони во чест на ко-организаторот и партнерот во иницијативата, Хрватска.

Б. Ј.

Tags: Доналд ТускПретседател на Европски совет
Share4TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ