Бугарскиот технички премиер Галаб Донев по средбата со македонскиот премиер Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција истакна дека на средбата двајцата одново ги потврдиле добрите оценки за создадените претпоставки за развојот на дијалогот помеѓу двете земји и тоа дека ќе работат на продлабочување на конструктивната соработка во сите области од заеднички интерес коишто се вклучувени и во Договорот за добрососедство и се она што е договорено помеѓу протоколите на меѓувладината комисија.
-Се договоривме да продолжиме со работа по сектори и со работни групи. Една од темите се преговорите кои се водеа денес во областа на енергетиката и многу брзо се договоривме за апелот за помош од страна на Северна Македонија за решавање на главните предизвици што се јавуваат пред нив и кај нив во секторот за енергетика. Бугарија традиционално била и се уште е лидер на Балканот и дискутирани беа и конкретни можности за соработка и во областа на електроенергијата и преносот на гас и бидејќи Бугарија има големи капацитети како за потребите на економијата, така и индустријата на Северна Македонија и за домаќинството, станува збор за 200 мегават часа пренос на електроенергија за перидоот до 31 март 2023 година, рече Донев.
Тој потврди дека од среда започнува со работа Мешовитата група која што ќе ги изработи сите технички детали во рска со потпишување и склучувањето на договор во областа на електроенергијата, а станало зборт и за можноста Северна Македонија интерконекторот и терминалот којшто се гради во Грција, за преку Бугарија да може снабдувањата да бидат балансирани. Со тоа рече, ќе се овозмопжи РСМакедонија да црпи количини какви што се неопходни на дневна база без да се создаваат дополнителни потешкотии во земјата и со природен гас.
Во македонската делегација се и министрите за надворешни работи Бујар Османи и за економија Крешник Бектеши, директорот на ЕСМ Васко Ковачевски, како и претставници од ресорите економија и енергетика.
Ковачевски во Софија ќе се сретне и со бугарскиот претседател Румен Радев. Покрај за енергетиката, се очекува на средбите да се разговара и за други прашања.