• Latest

Донесена прва пресуда по основ на политичка дискриминација

March 23, 2018

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и битка за секој глас – регистрирани 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Донесена прва пресуда по основ на политичка дискриминација

March 23, 2018 15:06
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) информираше дека Основниот суд Скопје II Скопје, во постапка поддржана од МЗМП, како дел од Проектот на УСАИД за заштита на човековите права донесе првостепена пресуда со која се утврдува дека Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство на РМ како тужен, сторило дискриминација по основ на политичка припадност во областа на работните односи.

Со пресудата се забранува министерството да презема дејствија т со кои се врши дискриминација и се задолжува да ги преземе сите потребни дејствија со кои ќе ја отстрани сторената дискриминација и да му исплати на тужителот правичен надомест за нанесената душевна болка предизвикана поради повреда на правото на еднаков третман.

Како што информираат од МЗМП, подносителот на тужбата бил вработен во министерството и истовремено бил политички активен како претседател на општински под-огранок на политичка партија и бил вклучен на листата на советници на локални избори.

Во текот на своето работење, велат од МЗМП тужителот своите работни задачи ги извршувал непристрасно, објективно и за своето работење бил оценуван со „се истакнува“ и „задоволува“. Тој добил и решение за распоредување на пониска позиција иако истиот исполнувал услови за повисока позиција од причина што во меѓувреме завршил високо образование.

Истиот повел постапка за оспорување на донесеното решение. Од друга страна, од неговите колеги биде распореден времено да ги извршува работните задачи во подрачна единица на министерството надвор од градот во кој живее во несоодветни  услови за канцелариска работа. По распоредувањето на тужителот, на неговото работно место било вработено лице со различна политичка припадност од онаа на тужителот и член на владејачката партија. Раководното лице исто така било со различна политичка определеност од тужителот.

Судот при донесување на пресудата на 27 февруари 2018 година го применил член 9 од Уставот на РМ, согласно кој граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите, одредбите од Законот за спречување и заштита од дискриминација и Законот за работни односи.

Македонското здружение на млади правници смета дека оваа пресуда е од големо значење затоа што се работи за прва првостепена пресуда каде се утврдува дискриминација по основ на политичка припадност.

Б.Ј.

Tags: МЗМПодлукаполитичка дискриминацијасудење
Share31TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ