• Latest

ДОСИЕ КАМЧЕВ: За една година – под истрага од СЈО, притвор и приведувања – ја премина границата дури 80 пати и градеше бизнис империја во Русија

July 24, 2023

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Превост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025

(ГАЛЕРИЈА)Масакрот во Корјукивка, Украина: Најбруталната казнена акција на нацистите во Втора светска војна

May 8, 2025

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
Фотографија: Wikipedia

Штајнмаер: Со воената агресија на Путин, болно е да се признае дека ослободителите на Аушвиц станале новите агресори

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

ДОСИЕ КАМЧЕВ: За една година – под истрага од СЈО, притвор и приведувања – ја премина границата дури 80 пати и градеше бизнис империја во Русија

Во ноември 2018 година, експремиерот Груевски побегна во Будимпешта, а СЈО ги приведе Камчев, Мијалков и другите „бизнис светци“ пред истражен судија. Истиот не дозволи да го замени притворот на Камчев со други форми на обезбедување, имајќи го во предвид гостопримството што тој би го имал во Бугарија, а сè поизвесно и во Русија

July 24, 2023 11:38
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

По ставањето на Камчев на црната листа на Министерството за финансии на САД, постои очевиден напад на „заборавност“ во медиумите, со цел таа вест да се прескокне, да не се види или, едноставно, да се прогласи за дел од некаков паралелен свет со кој секој може да си воспостави некои приватни, ама не и јавни релации. За медиумите, Камчев нема да биде вест или повод за анализи. Во „нормалниот свет“ постојат многу важни настани, па и афери, што е точно, ама дирижаблот кој наеднаш се најде на небото над Скопје и кој се пушти од Калето, од американската амбасада, фрла драматична сенка врз сите таму долу и врз медиумите, секако, само што во редакциите ќе биде зад параванот на интересот.

Импозантни „фаци“ обвинети за злосторничко здружување

Не беше така „дискретно“ во минатото, кога новата власт ги донесе во судница најголемите „риби“ на крупниот капитал кои секако имаа ексклузивно право да владеат со политичките процеси во земјава. Беше „жешко“ тој ноември 2018 година, кога бизнисменот Орце Камчев беше приведен кај истражен судија по истрагата на СЈО наречена „Империја“, поврзана со перење пари, злоупотреба на службената положба и повластување на доверители.

Од Специјалното јавно обвинителство тогаш објавија дека, по спроведена опсежна предистражна постапка, била отворена истрага против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластувања, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.

Колку за Камчев, до власта веднаш стигнаа сигнали дека „трпел бизнисот“ во земјава и дека требале да се прифатат понудените 14 милиони евра „кауција“ за затвореникот Камчев, кој на свое име ја вкнижува, без малку, половина Македонија.

Во тек беше и неговото селење на капацитетите надвор од земјава.

За двоецот Мијалков – Камчев постои распространето мислење дека тие поседуваат речиси половина од економијата на земјава. Ако директно не станува збор за сопствеништво врз јавните сегменти на економијата, сето друго беше систематски присвојувано.

Формално, тие постапки на преземање зад себе повеќе пати го носеа името на Јордан Камчев, иако ретко кој веруваше дека тоа е само затоа што Мијалков повеќе сакаше да не биде директно посочуван како „бизнисмен“. Впрочем, сè до случајот „Дивље насеље“ (2015 г.), тој и официјално беше државен функционер.

Империјата остана без газди, привремено

Со апсењето на Камчев, а потоа и на Мијалков, дел од таа нивна империја сигурно си имаше и некакви проблеми, бидејќи, нели, не е сè исто како кога има кој да газдува. Затоа, пак, веднаш се јавија душегрижници дека барем Камчев требало да се пушти од притвор и да се прифати неговата кауција од 14 милиони евра.

Тогаш се зборуваше дека до зградата на Илинденска број 2 дури имало такви аларми и од Комората!

Ова, како противмерка, ја „произведе“ и веста што ја објави Макфакс за тоа како и зошто Камчев се најде „на сигурно“, односно во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

КОЈ ГО СПАСУВАЛ ДО СЕГА По распадот на СЈО, обвинителката Русковска беше прилично „нежна“ со Камчев и Мијалков

Бизнисот не трпи граници… па, и така може да се каже

Своевремено, СЈО соопшти дека Камчев имал фирми во Русија, Бугарија, Холандија, Косово, Србија и Хрватска, како и офшор компании во даночните раеви. Тој е краен сопственик на офшор фирмата „Финзи“, стои во решението на притвор за бизнисменот Камчев. Имотот што го поседува, како и бугарското државјанство, се само една од причините зошто на бизнисменот му беше продолжен притворот за уште 30 дена, по истекот на првите 30 дена.

Во решението за притвор стоеше дека „сите овие околности укажувале дека, доколку осомничениот Камчев се брани од слобода, тој лесно ќе се даде во бегство во која било држава надвор од Македонија, особено во Бугарија, каде што има развиен бизнис и стан, а како државјанин на Република Бугарија нема да биде екстрадиран во Македонија“. Да не заборавиме дека него Бугарија го предложи за почесен конзул на оваа земја во Македонија!

Според мислењето, кое струеше низ новинарските кулоари, стопирањето на можноста Камчев да биде претставник на Софија во земјава, заедно со оневозможувањето да се купи, од бугарска страна, една поголема банка во земјава, беа клучни причини тогашниот премиер Борисов да ги залади односите со Скопје и да се релативизира веќе потпишаниот договор за пријателство меѓу двете земји!

Можноста за бегство судот ја гледаше и во фактот што Камчев во 2018 година (незавршена) 80 пати ја преминал државната граница. Не се отфрлила ниту можноста за влијание врз сведоците, бидејќи, како што ценел судијата во претходна постапка, голем дел од нив се вработени во неговите фирми, а тој често ги менувал управителите и седиштата на правните лица кои се дел од истрагата.

Груевски заигра чардаш, а Камчев учеше казачок

Најголема атракција, секако, гледано особено и од денешен аспект, е постоењето на инвестиции на Камчев во регионот на легендарните козаци – во Ростов на Дон.

Руската фирма „Здравје Оптима“ во Ростов на Дон е една од фирмите што се поврзуваат со бизнисменот Орце Камчев. Уделите во фирмата во март 2018 година тој ги пренел на „Орка холдинг“ АД Скопје, а во април таа година, уплатил 100.000 евра на име инвестиција во истата компанија.

Сопствеништвото во оваа руска компанија „Орка холдинг“ го дели со Јован Дабевски, поранешен генерален менаџер на „Здравје Радово“ и извесен Антон Георгиевиќ. Втората руска фирма, отворена во 2015 година, „Семимол“, освен со Дабевски, Камчев ја делел со бизнисменот Сергеј Самсоненко, кој секако е клучниот играч во овие трансфери.

СЕМИМОЛ Фирма која треба нашите „мед и млеко“ да го предаде на Русите

Според решението за притвор, Камчев се јавува и како краен сопственик на фирмата „Финзи“, иако неговото име не се појавува во документите на оваа офшор компанија со седиште во Албани, САД. Предистражната постапка наводно покажала дека Камчев бил краен сопственик, од отворањето на сметката на „Финзи“ во 2009, сè до 2012 година.

Споменатата инвестиција во Ростов на Дон, сега познат и по акцијата на Пригожин и неговата група Вагнер, ја заскокоткала и руската јавност. Така, руската новинарка Александра Соколова објави текст со наслов „Пудинг по македонски – кој отвори ново млечно претпријатие во Ростов?“. Со компанијата „Семимол“ која е во сопственост на „Бетсити“ (ланец на калдилници, нели), како што вели Соколова, започнува балканизација на млечното производство во Русија.

Интерес на руските медиуми за сопственоста на инвестициите

„Семимол“ започнала со производство во ноември 2018 година и како вест добила голем простор во угледниот „Комерсант“. Фабриката започнала да произведува млеко, кефир, дури и пудинг. На сајтот на фирмата стои дека овие производи по многу елементи немаат свои конкуренти во земјата и дека тие влечат свои корени од искуствата во млечната индустрија на Македонија и Србија. Практично, таму се пренесува технологијата на нашето „Здравје“ од Радово и српската фирма „Беоинокс“.

ЖИВИ РАДОСНИ Васил Голубјев, гувернер на Ростов во посета на еден од погоните на Семимол – во оваа фирма гледал шанса за развој на локалното земјоделие

Обемот на производство, кој тогаш изнесувал 20 тони млечни преработки, до третиот квартал следната година (2019 г.) требало да достигне 200 тони. Според еден од директорите – Николај Оганзов, фирмата во првата етапа е инвестиција вредна 80 милиони рубљи.  Следува и втората етапа со инвестиција од 10 милиони рубљи. Таа етапа би значела отворање на производни капацитети за сирење и кашкавал.

Но кој е вистинскиот сопственик на „Семимол“ – се прашува и новинарката. Истражувањето открива дека како газди се јавуваат Сергеј Самсоненко, Антон Мачвариани и Јордан Камчев (сите по 30 отсто) и Јован Дабевски (10 отсто од акциите).

Медиумот ги запознава читателите дека Сергеј Самсоненко е домашен бизнисмен кој последните години живее во Македонија, каде е спонзор на три спортски клубови, изградил една спортска арена, подигнал и два хотели („Русија“ и „Marriott Courtyard“), создал авио компанија за деловни клиенти „СИС авиејшн“ и дека тогаш е преокупиран со изградба на тениски клуб.

Самсоненко е меѓу 500-те најголеми бизнисмени во Русија

Факт е дека во нејзиниот текст не се споменуваат скопските кладилници, но се признава дека големата мрежа на кладилници „Бетсити“ во Русија е негова. Тогаш се очекувало дека таа ќе заработи 18 милијарди рубљи и дека според проценки на Берзата, таа компанија е меѓу 500-те најголеми во Русија. Во тоа време, Самсоненко гради хотел на левиот брег на Дон, во Ростов, кој исто така се вика како и скопскиот – „Мериот“! Требало да проработи во декември 2018 година, а ќе чинел 950 милиони рубљи (да нема забуни – една рубља тогаш вредела 0,013 евра) или влогот бил 16,14 милиони евра.

САМСОНЕНКО Претставникот на рускиот економски интерес во земјава и човек за врска со локалните моќници е 500-ти по остварен профит во неговата земја

Антон Мачавариани, вториот сопственик е претприемач, исто така, од Ростов. Бил сопственик на фабриката за чевли „Рафо“. Во последно време, се префрлил на масла за јадење од растително потекло („Пик“). Во април 2017 година тој отвора пат за влез на „Здравје“ од Радово во Ростов. Се формира „Здравје Оптима“ за производство на млечни производи. Дури 99,9 отсто е во сопственост на Орка холдинг од Скопје. На Мачавариани му припаѓа 0,09 отсто а на Јован Дабевски остатокот од 0,01 отсто. Последниот, нели, беше директор на „Здравје Радово“ и со себе ги носи рецептите, битни за квалитетот на произведеното.

Сергеј Самсоненко за руските медиуми рекол дека Камчев му е најдобар пријател во Македонија. Тие обајцата наскоро, на веќе споменатиот брег на Дон, освен хотел, требало да градат и нова болница (нова Систина!) која требала да чини 6-7 милијарди рубљи (тогаш, околу 130 милиони евра) и би имала работна површина од 48.000 квадратни метри.

Дали Ростов требал да биде место за целосна преселба на капиталот на Камчев од Скопје, и дали во него би живеел и избеганиот Груевски, како дел од планот Б за спас, беше едно од тогашните прашања? Особено ако Унгарија биде притисната да го предаде бегалецот од Македонија. Колку за Камчев, изборот на земјата за егзил е поширок, иако и тогаш Русија се чинела како доста веројатна, заради можниот притисок на НАТО врз Софија.


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Империја“КамчевРостов на ДонРусијаСамсоненкоСЈО
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ