• Latest

Досие: Специјалната воена и пропагандна операција на Русија против Украина и демократскиот свет

June 14, 2022
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц: Завршување на војната на сметка на политичкиот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина не доаѓа предвид

September 17, 2025

Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд

September 17, 2025
Trump arriving to the UK
Source: screenshot CBS

Трамп синоќа пристигна во Велика Британија во втора државна посета

September 17, 2025
Фото: ЦУК

Активни четири пожари, изминатото деноноќие вкупно 20 пожари

September 17, 2025

Продолжен притворот за нови 48 часа на четворицата за пожарот во Трубарево

September 17, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш за ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

Досие: Специјалната воена и пропагандна операција на Русија против Украина и демократскиот свет

Руската пропаганда ги негира воените злосторства во Украина, а истовремено „стимулира“ восхит и ситење за страдањата на цивилите. Главните пропагандни наративи за оправдување на агресијата се дека тоа е „специјална воена операција“ за „ослободување“ и „денацификација“ на Украина, а воедно се негира украинската нација, јазик и идентитет. „Маскировката“ е ставена во функција долго пред инвазијата во 2014 година. „Специјалната војна“ се води и на балканско тло.

June 14, 2022 10:49
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

На самиот почеток на целосната руска инвазија против Украина, голем број интернет портали и дел од традиционалните медиуми во Северна Македонија станаа мета на пропагандата под диктат на Кремљ. Дел од нив наседнаа на пропагандните трикови, но голем број од нив „самоволно“ и „своерачно“ се впуштија во отворена проруска пропаганда.

Со интензивната пропаганда на која беше изложена македонската јавност во овој критичен период, станаа видливи ефектите од долготрајното руско влијание во сите клучни области. Така, под влијание на руската пропаганда што ја ширеа дел од медиумите и други ентитети и јавни личности, дел од јавноста во Северна Македонија со восхит и одобрување ги дочека вестите за воената инвазија на Украина.

Руската пропаганда ги негира воените злосторства во Украина

Првиот знак на колебање околу неконтролираното ширење дезинформации и руска пропаганда се бележи по откритијата на грозоморните воени злосторства. Стотици мртви тела на цивили беа пронајдени во населените места во близина на Кијив каде што руските окупатори беа еден месец, а беа потиснати во офанзивата на украинските бранителки и бранители на почетокот на април.

Тогаш, еден дел од медиумите и активните корисници на социјалните мрежи, стаписани од обемот и бруталноста на злосторствата против цивилите во Украина, се повлекоа и престанаа со своето „навивање“ за руската воена агресија. Сепак, руската пропаганда, откако помина првиот бран на јавна осуда на злосторствата, продолжи со своето дејствување, може да се рече, со уште позасилен интензитет.

По откривањето на воените злосторства се бележи засилен, не сосема неуспешен, обид да се манипулира јавноста со дезинформации и лажни тврдења дека се работи за наместени сцени. Интензивно се пласираа дезинформации дека воените злосторства не се случиле вистински и дека украинската и западната пропаганда само се обидуваат да ја оцрнат руската армија. Пропагандата отиде дотаму што бесрамно тврдеше дека жртвите не се предизвикани од Русите, туку од самите Украинци!

Руската пропаганда во медиумите и на социјалните мрежи е силно поддржана од десничарските политички партии кои не секогаш се толку отворени, како што тоа го прави партијата Левица. Сепак, прорускиот став на десничарските политички партии, иако не е деклариран јавно (најчесто немаат став), може да се идентификува преку медиумите што се под нивна контрола или преку дејствувањето на партиските трол фабрики на социјалните мрежи.

Восхит и ситење за страдањата на цивилите

Мониторингот на Цивил бележи дека, паралелно со дезинформациите во кои лажно се тврди дека „воени злосторства не се случиле“, руските и проруските пропагандисти на социјалните мрежи и во дел од медиумите изразуваат восхит и ситење за страдањата на цивилите. Тие, со користење на експлицитен говор и говор на омразата, ги одобруваат злосторствата како што се тортурата и масовни егзекуции на цели семејства, силувања на жени, деца, па дури и бебиња. Значи, од една страна – негирање, а од друга страна – восхит и ситење со тоа што истовремено го негираат. Нелогично, но функционира.

Дел од пропагандистите не само што не ги негираат злосторствата, туку и ги одобруваат и ги величаат, но со сите сили се обидуваат да негираат дека руските војници и паравоени формации крадат. Нивниот вредносен систем им дозволува да уживаат и да ги величаат разурнувањето и грозоморните тортури, убиства и силувања, но не и дека крадат апарати за домаќинството, лични предмети, облека, пари и накит од домовите и од мртвите тела на украинските цивили.

Главни пропагандни наративи: „специјална воена операција“ за „ослободување“ и „денацификација“ на Украина

Руската пропаганда упорно се обидува да ја оправда инвазијата како „специјална воена операција“ за „ослободување“ и „денацификација“, како и „спречување на геноцидот врз Русите во Украина“ и „одбрана на Русија од НАТО“. Наспроти тоа, поголемиот дел од светската јавност ги дисквалификува овие тврдења како целосно неточни и апсурдни. Тоа што го направи Русија во 2014 година и тоталната воена агресија што започна на 24 февруари 2022 година, претставува неиспровоциран акт на агресија врз суверена, мирољубива, демократска и независна држава, тотално спротивно на меѓународното право.

И тврдењата на пропагандата диктирана од Кремљ, дека во Украина не се вршат воени злосторства се побиени. Фото и видео доказите од теренот и илјадниците потресни сведоштва на жртвите од рускиот терор во Украина, како и извештаите од медиумите, релевантни меѓународни цивилни институции и организации и воено-разузнавачки извори, говорат доволно јасно за тоа што навистина се случува на теренот. Истрагите за воени злосторства веќе се во тек, а сѐ повеќе аргументи упатуваат и на фактот дека Русија спроведува геноцид во Украина.

Негирање на украинската нација, јазик и идентитет

Москва за Украина користи извонредно груб и омаловажувачки вокабулар. „Украина не постои“, „Ленин ѝ ја подари независноста на Украина“, „украинскиот јазик, култура и идентитет не постојат“ – се дел од наративите на Кремљ во интензивна, повеќегодишна пропагандна војна.

Во самата Украина, на Путин, своевремено, му успеа да инсталира и зацврсти моќни проруски структури на сите нивоа и во сите области, почнувајќи од стопанството, медиумите и граѓанското општество, завршувајќи со војската, полицијата и политичкиот естаблишмент.

Украинскиот претседател Виктор Јанукович, не работеше за украинските интереси. До мигот кога беше урната неговата власт, Јанукович работеше за исполнување на руските економски, политички и безбедносни интереси. Тој работеше на ослабување на демократските институции, а Украина ја претвори во логистички и индустриски сервис на Русија.

Украинските „шарени“ му ја поматија сметката на Путин

Во сите варијанти, на Путин му требаше Украина поради геостратешката положба и сите ресурси со кои располага. Со Јанукович на чело на земјата, тој немаше потреба да се грижи за својата „светла криминална иднина“.

Но украинските „шарени“ му ја поматија сметката (Мајданска револуција, 2014). И додека Брисел се восхитуваше на креативните демонстранти и трагаше по „неутрални“ и „објективни“ оценки на демократската транзиција во Украина, „малите зелени човечиња изникнаа“ во делови од индустрискиот исток на земјата и стратешки важниот полуостров Крим на југот и окупираа нешто повеќе од седум проценти од територијата на суверена и независна Украина.

„Маскировката“ ставена во функција долго пред инвазијата во 2014 година

Пропагандната машинерија на Путин е повеќеслојна, софистицирана и долготрајна. Методологијата на водење пропаганда влече корени од злогласната воено-пропагандна доктрина позната како „маскировка“ што се развива уште од времето на првиот лидер на Советскиот Сојуз, Владимир Илич Ленин.

Хибридната војна против Европа и Украина се интензивира најмалку пет години пред првата воена инвазија на Русија против Украина (2014 година). Европа одбра да биде „слепа“ пред страотната закана, како и пред повеќе од 80 години во пресрет на наездата на тогашните експанзионистички и милитантни режими во Германија и Италија.

Жестока пропаганда и хибридни напади против Западот

Руската пропаганда и хибридните напади во изминатата деценија беа жестоки. Таа беше насочена кон долготрајно поткопување на довербата во институциите и поредокот во земјите на Западот. Меѓу другото, пропагандата имаше цел да го прикрие систематското кршење на човековите права и слободи во Русија. Еден од начините на кој се постигнуваше целта беше релативизација (сите се исти) со што се избегнуваше или целосно се негираше одговорноста за тешката состојба во која Путиновата диктатура ги фрли руските граѓанки и граѓани.

Паралелно со тоа, гледаме величање на режимите на „цврстата рака“ и омаловажување на демократските процеси во Европа и светот. Тоа беше придружено со длабока корупција на највисоки нивоа, продор во економијата и создавање европска зависност од руските енергетски ресурси.

„Специјалната војна“ се води и на балканско тло

Во 2016 година, НАТО обелодени дека се започнати хибридни напади против дел од земјите членки на Алијансата и ја навести одлуката да се активира Член 5 од Северноатлантската спогодба. Тоа водеше кон формирање на тимови за поддршка за борба против хибридните закани во 2018 година.

„Специјалната војна“ (југословенски израз), односно хибридната војна само се интензивира во 2014 година. Ефектите од хибридните закани кои доаѓаа од Русија силно се чувствуваат во регионот на Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија. Дел од десничарските политички групации во земјата спремно ја дочекаа оваа закана и се ставија во служба на руската пропаганда која трае до денес.


Creative Commons 4.0. Наодите, анализите и ставовите се на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    207 shares
    Share 83 Tweet 52
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ