• Latest
Џабир Дерала

Вистината не боли

May 27, 2022
Фотомонтажа: ХИМАРС фото Д. Мишев.Гутков фото: Killed in Ukraine/X

Русија потврди: Заменик-командантот на руската морнарица убиен во украински напад во Курск

July 3, 2025
Фото: ВИ

24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на FoxNews објавено од Антон Герашченко на Х

Марк Руте: Лавров е министер за надворешни работи на Русија од времето на Исус, ништо корисно не излезе од неговата уста оттогаш

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
Al Jazeera English

Хамас задоволен од гаранцијата на САД за разговори за прекин на војната во Газа, примирјето на повидок

July 3, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Посмртните останки на седум жртви од геноцидот ќе бидат погребани во Меморијалниот центар за Сребреница во Поточари

July 3, 2025

Се отстранува „македонски идентитет и јазик“ во извештајот на ЕП за Северна Македонија, за Мицкоски тоа е „талибански начин“, за СДСМ премиерот е крив

July 3, 2025
Илустрација ВИ

Локални избори 2025: СДСМ без Костадинов, ВМРО-ДПМНЕ сигурни во победата, ЗНАМ сигурни во поддршката од ВМРО

July 3, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

July 3, 2025
фото: Цивил

Поради ниските плати луѓето земаат боледувања за да работат и друга работа

July 3, 2025

Косовското собрание не успеа да се конституира по 41-ви пат, граѓанското општество протестира, некои донесоа магариња

July 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Вистината не боли

Вистината не боли. Доволно е фактите да се замаглат и задушат во бескрајниот шум на социјалните мрежи. Ова е уште еден прилог со кој се фрла светлина на пропагандистите и корисните идиоти кои ги користи руската пропаганда надвор од своите граници.

May 27, 2022 12:41
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПРОПАГАНДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Социјалните мрежи се вториот фронт на секоја криза, на кој копјата ги вкрстуваат информациите наспроти пропагандата, знаењето и науката наспроти сензационализмот и дилетантизмот. Тоа е фронт на кој цивилизациските вредности и хуманоста се ставаат на најтешките тестови на издржливоста. Ставовите, засновани на знаење, искуство и мудрост, поткрепени со факти и аргументи се исправени пред високите бранови од насилнички и простачки коментари во кои изобилуваат едностраноста, говорот на омразата и незнаењето.

Вистината не мора да боли. Доволно е фактите да се замаглат и задушат во бескрајниот шум на социјалните мрежи. За тоа се грижат неуморните пропагандисти и армиите испрани мозоци и корисни идиоти.

Непрекинат пороен дожд од дезинформации и пропаганда

И најмрзливите и најизбирливите корисници на социјалните мрежи се изложени на пороен дожд од пораки, објави, линкови и коментари на социјалните мрежи. Во нив спаѓаат добро смислени пропагандни кампањи кои се дел од долгогодишната хибридна војна што ја води Кремљ против западните демократии.

Руската пропаганда е дел од воената доктрина маскировка што се развива уште од почетокот на 20-от век. Таа е развиена во Советскиот Сојуз и се употребува до денес за политичка или воена измама, посебно насочена против западните демократии и земјите членки на НАТО. Меѓу другото, маскировката се состои во креирање наративи или, подобро, митови како што е, на пример, „огромната моќ“ на руската воена машинерија. (Една од поуспешните маскировки на Путин е никнувањето на „малите зелени човечиња“ на Крим во 2014 година, а од понов датум е помалку успешниот обид за пропагандна измама со лансирањето на „најопасната“ ракета на светот – Сармат, 20 април 2022.)

Во денешно време, со „квантните скокови“ во развојот на комуникациските технологии и онлајн платформи, руската маскировка доби практично неограничен простор. Никој не може да им побегне на дезинформациите и пропагандата воопшто, но се чини дека Русите се најдобри токму во тоа – замаглување на фактите и измама со масовни размери.

Од посебно значење за руската маскировка се и корисните идиоти, брзината на комуникациите, а уште повеќе брзоплетоста и медиумската неписменост на разочарувачки голем дел од корисниците на социјалните мрежи и консументите на медиумските содржини.

Еден од бескрајната низа примери

Да проследиме само еден пример од навистина бескрајната низа примери. Со овој и со многу слични примери, може да се илустрира одличната комбинација меѓу медиумската неписменост и „спонтаните“ изрази на несогласување со политиките на институциите на Западот. Од примерот што следи може да се види еден од ефектите на пропагандата врз нејзините директни и индиректни цели (жртви) и општата публика. И добро им оди веќе еден век!

ПРИМЕР: Британското министерство на Твитер објави инфографик со резиме од разузнавачките информации од украинските фронтови (23 мај). Во првиот параграф се зборува за загубите на руската армија во првите три месеци од агресијата (најмалку 14.000, колку што изгуби за една деценија во инвазијата врз Авганистан). Понатаму, во вториот параграф има кратко објаснување за причините за големите руски загуби во Украина (лоша тактика, лимитирана воздушна поддршка, склоност на командните структури кон повторување на грешките итн.). Третиот параграф британското разузнавање зборува за можноста од раст на незадоволството од големите загуби на фронтовите кои стануваа сѐ повидливи за руската јавност. Твитот на британската одбрана содржи и линк до сајтот за понатамошно читање за одговорот на британската влада на руската агресија врз Украина. Како и на други вакви твитови, реакциите се бројни: повеќе од 1,878 лајкови, 769 ретвитови и 129 коментари (до 12:30 ч., 27 мај 2022).

Висока контаминација

Ако се анализира дел од коментарите на објавите на официјални институции на Западот, ќе се извлечат неколку заклучоци што ќе бидат налик на анализите што ги прави мониторингот на Цивил за домашниот и балканскиот пропаганден фронт. Со таа разлика што во случајот со македонскиот дел од „пеколот“ (социјалните мрежи), доминираат негативните содржини и коментари. Во секој случај, јавната комуникација е високо контаминирана со манипулации, дезинформации, говор на омразата и релативизација (сите се исти).

Некои од коментарите се однесуваат на тоа дека брифингот е пропаганда, дека е едностран и дека не се совпаѓа со реалноста. Според дел од коментарите, извештајот  е „едностран“ затоа што немало информација за тоа колку губитоци има украинската страна. Се работи за инфографик што е резиме од разузнавачки, а не новински извештај. Ако се погледнат профилите на тие што коментираат на овој начин, ќе се забележи дека тоа се работи за поддржувачи на крајната десница.

Некои се „просветлиле“ со гледање видеа што ги постирале „обични руски војници“ од кои се гледа дека британското воено разузнавање „лаже“ или „ги премолчува фактите“. Навистина, Тик-Ток, Јутуб, Инстаграм, Твитер, Фејсбук, Редит и многу други се преполни со секакви видео содржини и линкови од крајно сомнителни онлајн извори чија единствена функција е да дезинформираат. Таму може да се најде сѐ и сешто, но „продукцијата“ често се сведува на полувистини и манипулации или чисти дезинформации, па и отворен говор на омразата.

Кој сѐ коментира?

Во дискусиите на социјалните мрежи може да се забележи дека доминираат руски ботови кои се синхронизирани и добро организирани. Тие вешто ги манипулираат фактите, ја „минираат“ дискусијата и внесуваат „шум“ во комуникацијата.

Понатаму, се бележат и проруските, антизападни, ултрадесничарски и антиестаблишмент тролови. Редовно има онлајн стражари кои се обидуваат да ја дивертираат темата кон Блискиот Исток, палестинското прашање и други теми поврзани со американската надворешна политика.

Нема подобар израз ниту за уште друга голема група коментатори на социјалните мрежи. Се работи за обични будали, необразовани и мрзливи, што не сакаат да мислат, а сакаат да се прават паметни на социјалните мрежи. Меѓу нив може да се препознаат и оние што спаѓаат во претходните категории, кои го користат „бранот на недовербата“ и само го зајакнуваат „шумот“ со кој се гуши информацијата или дискусијата.

Беспоштедна битка меѓу фактите и пропагандата

За жал, социјалните мрежи сѐ помалку се место за информирање, дружење и споделување ставови. Сѐ помалубројни се оние што се обидуваат да придонесат кон дискусијата, да искажат став, да споделат нови информации или да ги дополнат. И забавните содржини се стапици за наивните и неретко во нив се вткаени дезинформации, теории на заговорот и пораки со кои се поттикнува омраза.

Во беспоштедната битка меѓу фактите и пропагандата, се чини дека дезинформациите и теориите на заговорот се победници на социјалните мрежи. Видео „од првите линии на фронтот“ со непознато потекло и сомнителна веродостојност, поминува како „релевантно, проверено и точно“.

Битката е изгубена во самиот старт. Фактите со кои располагаат релевантни, официјални извори ги прибираат и анализираат искусни професионални тимови. Тие се често поддржани од супер софистицирана технологија за снимање на теренот, на копно, од воздух и од вселената. Професионалните медиуми работат на сличен начин. Редакциите на овие медиуми веќе со децении наназад имаат пракса на двојно проверување на сите факти и податоци што се објавуваат во медиумите. На тоа се надоврзуваат и тимови за дигитална форензика и експерти од области соодветни на медиумските содржини.

Навидум, толпа незнајковци

Од другата страна е, навидум, една толпа незнајковци. Но не е така. На професионалците кои макотрпно трагаат по фактите им е спротивставена добро организирана и софистицирана пропагандна машинерија која функционира на долги патеки. Пропагандата одлично ги користи, поточно ги злоупотребува, сите демократски механизми, пред сѐ, слободата на говорот. Немајќи одговорност кон било какви принципи и стандарди, тие можат брзо да креираат и уште побрзо да дистрибуираат дезинформации и пропагандни пораки. Нивните лаги се наивни и проѕирни, често се граничат со инфантилност. Сепак, тоа што ги прави особено успешни не е вештината да ги скријат или манипулираат фактите, туку нивната способност да предизвикаат поларизација.

Така, фактите за разбојништвата и невидените злосторства и геноцид што систематски ги спроведуваат Русите „одеднаш“ стануваат непријателска пропаганда. Типично освојувачка и ужасно крвава војна се „кити“ со тотално измислени и перверзни идеолошки одредници. Се прават димни завеси од вешто смислени, навидум наивни и изворни (grassroots) реакции во медиумите и јавните комуникации. Целта е да се замагли вистинската слика за мотивите што стојат зад агресијата, воениот неуспех и ѕверските постапки врз цивилното население во Украина.

Најдобрата пропаганда

Најдобрата пропагандата е онаа што успева барем дел од јавноста да убеди дека фактите и вистината се пропаганда.

Загрижувачко е сознанието дека голем дел од луѓето го формираат својот став, па и одлуките за кого ќе гласаат, врз основа на тоа што читаат на социјалните мрежи. Тоа се за нив „алтернативните извори“ кои се „точни“ и „вистинити“ и не се пропаганда. А во тоа ги убедила токму руската пропаганда. Маестрално!


Личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ