• Latest
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026 10:52
in ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Војо Маневски 

За темата Европа и нашиот пат за придружување кон ЕУ се напишани илјадници текстови. Состојбата е иста како и пред две и пол децении и солунската иницијатива за која велиме дека го трасира патот за влез во ЕУ. Тој пат потстетува на автопатот Кичево–Охрид кој се гради веќе 13 години. Таман некој министер се пофали дека се отстранети препреките и само уште овие неколку стотина милиони евра и патот до следната сезона ќе биде готов, тоа не се исполнува туку се појавуваат нови свлечишта и нови препреки и повторно се потребни пари и време да се заврши патот.

Сегашната состојба е малку по оптимистична после средбите во Тиват. Малку ама не многу би рекол нашиот народ кој и инаку не верува веќе во ништо и во никого. Верува само ако има корист од некого и нешто. Изгледа и во тој менталитет се крие дел од приказната за нашиот пат кон Европа. Потпретседател на владата вели дека засега нема расположение кај земјите членки за проширување. Имаме причини да му веруваме после се што мислиме дека сме го жртвувале за да ги почнеме само преговорите за влез во Европа. Да ама само ако ја разбираме како фондација за помош и заеднички пазар од каде ќе дојдат богати инвеститори. Европа е и одговорност кон системот кој мора да биде кoмпатибилен со неа.

Ние вака си мислиме а можеби и не е сосема така.

Го сменивме знамето заради Европа – а го имавме ли како општоприфатено државно или национално знаме? Тешко дека до деведесетите најголем дел од македонците знаеја за него.

Го сменивме името на државата. Да го сменивме ама вистинското прашање е дали го засужуваме тоа име заедно со сета содржина што му ја препишуваме. Изградивме ли одржлива држава која тоа име гордо ќе го носи и застапува ?

Го менуваме уставот според потребите на политичките процеси. А да се прашаме: по кој устав се донесени законите по кој се изврши приватизацијата која остави разрушено општество, а при тоа да не изградиме економски модел кој приватизираните капацитети ќе ги зголеми и ќе се зајакне државата на економски план. Законите ги пропишуваат односите во државата ама тие мора да се во согласност со уставот кој прокламира рамноправност на граѓаните како основен  документ. Некои меѓувреме станаа порамноправни од другите и сега ни  ги одредуваат и домашните и европските патишта, како да се нивни селски сокачиња од кои произлегоа, за сето ова време на нашето долго патување кон Европа.

Да, да сите сме убедени дека премногу жртвуваме а немаме резултати од таа жртва.  Ако се ставете во кожата на европските граѓани на кои нивните политичари им кажуваат дека нѝ помагаат ама ние тешко ги прифаќаме правилата кое владеат во Европа., ќе се согласете ли да дојдат таквите во тоа друштво? Се сеќавате на изјавата на амбасадорката на САД која тврдеше дека во  реформите во нашето паравосудство вложиле половина милијарда долари ама резултатите не се задоволителни. Таква е сликата за нас и е поразлична од нашата за нас.

И да констатираме. Европа измисли многу причини да не ги почне преговорите со нас. Го имавме и зборот на нивните врвни политичари па дури и пресуда на европскиод суд па  тоа не ни помогна. Одлуката била политичка а не правна е констатација на нашите аналитичари. Па која одлука во меѓународните односи не е политичка? Што правеше сиве овие години нашата политика?

Вистинското прашање не е до ЕУ туку до нас како граѓани ,

Зошто за триесет и кусур години не изградивме институции кои ќе ги потврдат европските стандарди за кои велиме дека ќе ги воведеме во текот на преговоите со ЕУ.

Тие ли ни направија вакво судство кое нема доверба кај граѓаните? По десет илјади евра да добиваат обвинителите и судиите тешко дека без децении докажување на нивната работа ќе се врати довербата.

Тие ли не ставаат во партиски трла и си стануваме клиенти на партиите без разлика дали од нас се бара да ги мразиме соседите, роднините и пријателите зошто се дел од исто такво партиско трло како нашето само е на другото ритче?

Тие ли нѐ научија да носиме виски на докторите или на службениците на различни нивоа за да ни пружат услуга за која земаат плата?

Европа ли нѐ научи да расфрламе отпадоци каде ќе стигнеме ?

Европа ли нѐ учи дека нашите сопартијци смеат да примат плата иако не одат на работа ?

Европа ли нѐ учи да поднесуваме страотна корупција на секој чекор и во секој сегмент од нашето живеење?

И на крајот велиме дека во опасност ни е идентитетот. Кој идентитет ве молам, да се изјасниме. Влегуваат ли во него и гореопишаните „ вредности“ кои се наш начин на живеење?

Нашата држава е во опасност од интересите на странските држави и тоа е константа во меѓународните односи. Некогаш таа е мала, некогаш е поголема, некогаш е затскриена, а некогаш јавна. Најголемата опасност за нашата држава и за нашиот народ и тоа заедно со деловите од другите народи што живеат во неа – сме ние што денес се кажуваме нејзини граѓани и припадници на народи. Ова „денес“ го проширувам на три децении за да не им ставаме товар на денешните млади кои имаат шанса да променат нешто.

Уплашени од неизвесноста, нѐ затвораат во некакви националистички кругови кои патриотизмот и шовинизмот ги поистоветуваат, не заради некакви сопствени убедувања, иако има и такви, туку заради полесно бркнување во нашите џебови. Како користење на анестезија за безболна операција. Ама кога се разбудиш имаш и рана и болки.

Затоа да не ја обвинуваме само Европа за нашата состојба туку да почнеме да си го градиме нашиот пат кон Европа не заради неа туку заради нас. Помогни си за да ти помогнат.

 


Војо Маневски е долгогодишен новинар и уредник, политички аналитичар и колумнист во медиумската платформа на ЦИВИЛ | ЦИВИЛ МЕДИА


Во ера на дезинформации, националистички популизам и авторитаризам, неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ