• Latest
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Младиќ меѓу хашката пресуда и политичката митологија

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026 16:25
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ПОЛИТИКА
Фото: Влада РСМ

Фото: Влада РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Состојбата со водоснабдувањето во Гостивар и случаите на затруени граѓани предизвикаа жесток фронт и политички обвинувања помеѓу власта и опозицијата. Додека Владата тврди дека реагирала институционално и на терен ги бара причините за инцидентот, опозицискиот СДСМ обвинува за свесно прикривање на информации кои директно го загрозуваат здравјето на населението.

Влада: Нема да има компромис, ќе се санкционира секоја одговорност

Портпаролката на Владата, Марија Митева, информираше дека државните институции реагирале брзо и координирано уште од првиот момент. Таа нагласи дека веднаш е воспоставена постојана координација помеѓу Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Центарот за јавно здравје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Како итна мерка за помош на гостиварци, Владата одлучи да обезбеди 50.000 литри безбедна вода за пиење, акција која ќе продолжи и во наредните денови.

„Очекуваме целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности. Било каква одговорност која ќе се утврди – институционална, службена или индивидуална – ќе биде соодветно санкционирана. Нема да има селективност, ниту компромис кога станува збор за здравјето на граѓаните“, децидна е Митева, додавајќи дека иако многу од надлежностите се на локалната самоуправа, инспекциите веќе прибираат лабораториски анализи и документација.

Во процесот на информирање на јавноста се вклучија и министерот за здравство Сашо Клековски, директорката на ИЈЗ Марија Андоновска, како и директорот на СОЗР, Ивица Томовски, кои треба да ги соопштат официјалните наоди на владините институции.

СДСМ: Власта крие податоци, министерот за здравство молчел пет дена!

Од друга страна, опозицискиот СДСМ излезе со остри обвинувања, нарекувајќи ги владините соопштенија „класичен обид за бегство од одговорност“ и префрлање на вината исклучиво на локално ниво.

Од партијата соопштуваат дека податоците од анализите на водата намерно се кријат од јавноста и се врши селективен притисок врз обвинителството. Според нив, вистинската кривична одговорност за затруените граѓани во Гостивар мора да лоцира кај највисоките функционери.

„Ако веќе се вршат апсења, тогаш мора да се утврди и кривична одговорност на министерот за здравство и инспекцијата од Министерството за здравство, кои знаеле за труењето, но молчеле пет дена. Ова не е политика, ова е свесно прикривање на информации. Сите кои знаеле и молчеле, сите кои ја криеле информацијата за да ја заштитат партиската структура – ќе одговараат“, порачуваат од СДСМ.

Борбата околу одговорноста за еколошко-здравствениот инцидент во Гостивар продолжува, а граѓаните сè уште ги чекаат конечните и независни резултати кои ќе покажат што точно ја загади водата за пиење.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ