• Latest

Доследните зелени политики се скапи, но исплатливи

November 8, 2021
Фото: Скриншот од видео на Алсат М

Дерала за Алсат М: Изборите изгледаат добро само на површината – националистичката реторика буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Доследните зелени политики се скапи, но исплатливи

November 8, 2021 12:41
in АНАЛИЗИ, ЗЕЛЕНИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

СЛАЃАН ПЕНЕВ 

Можеби ни е проблематично да сфатиме или прифатиме, но сепак постојат наши сограѓани на кои не им е тешко да испешачат неколку стотици метри за да го однесат собраниот домашен отпад до најблиските канти за рециклирање. Не им е тешко да си носат свои торби на пазар и да се расправаат со продавачите кога им ја ставаат робата во пластични кеси. Не им е тешко да поминуваат долго време во прекопување и заштитување на растенијата кои ги насадиле во некоја своја градина, верувајќи дека нивниот мал влог во подобрување на светот или непосредната животна средина не е залуден.

Можеби на аналитичарите и создавачите на јавните политики им е недоволно статистички релевантно постоењето на вакви луѓе, но нивниот број сѐ повеќе се зголемува. И сѐ повеќе нивниот политички избор се артикулира низ резултатите од локалните, парламентарните, па и претседателските избори.

Овие луѓе се тука отсекогаш. Не биле многу гласни во минатото, но последниве години стануваат забележливи. Ги имаше на протестите против сечење на дрвјата во центарот на Скопје (бул. Илинденска, бул. Климент Охридски, ул. Св. Кирил и Методиј – карши Хотел Бристол…), ги имаше на протестите против градење нови брани во Мавровско-Дебарскиот регион, на протестите против нови рудници во југоисточниот регион, против градење фабрики од тешката индустрија во Кавадарци, Неготино, Пробиштип, против рестартирање на топилницата во Велес, против загадувањето во Битола, Тетово, Скопје, против плановите за бетонизирање на Охрид и градење скијачки центри на Галичица, против ДУП-овите на Стевчо Јакимовски во Карпош…

Овие луѓе сѐ повеќе гласаат за кандидати кои првенствено се препознаваат како еколошки насочени. А такви до неодамна ретко се наоѓаа на изборните ливчиња. Во 90-те едно еколошко движење се вклучи во Демократската партија на Петар Гошев, но таа партија во своето кратко постоење сепак не успеа да си наметне доволно зелени приоритети. Потоа се појави ДОМ на Лиле Поповска, која успеа да привлече во неколку изборни кампањи дел од еколошки настроените гласачи, но сепак нејзината „зелена агенда“ беше компромитирана со учеството во влади кои само привидно се занимаваа со заштита на околината („Ден на дрвото“ и слични акции), а во пракса бетонизираа зелени урбани површини, даваа концесии за води, минерали и рудници на уништувачи на природата и полначи на диви депонии.

За божемното брендирање на ДУИ како „зелена партија“ не е баш сериозно да се троши времето, но како и да е, на последниве локални избори се појавија неколку независни кандидати и листи во неколку општини кои во своите програми им дадоа предност токму на прашањата за решенија за загадениот воздух, одржливото управување со ресурсите и со отпадот, рециклирањето и циркуларната економија. Не сум сигурен, но мислам дека и прв пат во една изборна кампања во Македонија кандидатите на овие локални избори го споменаа зборот „компостара“. Независната кандидатка за градоначалничка на Скопје, Ана Петровска, предложи изградба на компостара за био-отпад којшто ќе се собира од јавните површини, како отпад од кроење гранки, лисја и отпад од храна, а беше отворена идејата вакви компостари да има во секоја скопска општина.

Зелената политика е многу скапа, но несомнено вреди. Таа бара доследност, сериозна посветеност, големи инвестиции и одржување на тие инвестиции во живот. Град Скопје на пример, заедно со раководствата на скопските општини во изминатите 4 години инвестираа во неколку зелени покриви (ГТЦ, Дом на градежници…), вратија во живот неколку асфалтирани тротоари на големите булевари со садење убави дрва, неколку запуштени градски локации преуредија во мали паркови, но прашање е дали овие раззеленети урбани катчиња ќе се негуваат и понатаму.

Летово посетителите на централниот градски парк во Скопје можеа да забележат стотици дрвја покрај рекреативните патеки како пропаѓаат и се сушат поради негрижата на луѓето и јавните претпријатија платени од градскиот буџет. Истовремено додека некои застарени или неодржувани системи за наводнување во истиот тој парк исфрлаа хектолитри вода на бетонираните патеки од паркот. И зарем никој од стотиците луѓе вработени во градската администрација или јавните претпријатија нема волја или желба да поттикне иницијатива за коригирање на ваквата состојба? Веројатно имал, ама не било доволно за да се спасат дрвјата. И зарем никој од граѓаните кои шетаа или трчаа во паркот во жешките месеци не го забележуваа пропаѓањето  на стотици млади и стари дрвја покрај себе? Го забележуваа, некои од нив истураа вода од своите мали шишенца во корените на поблиските дрвја, но ни тоа не беше доволно. Сушата си го направи своето, а и негрижата на Скопјани не е за потценување.

За стотиците високи раскошни дрвја на неколку скопски булевари кои беа исечени последниве неколку години за да се прошират коловозите за наводно растоварување на сообраќајните метежи малку се зборуваше, но оние на кои тоа најмногу им пречеше точно знаеја каде да го бараат виновникот. И драстично го казнија на последниве локални избори. А ја наградија кандидатката која вети дека ќе ги исчисти сите диви депонии во Скопје за точно 82 дена и ќе ги претвори во зелени површини.  Нејзе и’ остануваат уште 80 дена за ветувањето. Нам, пак, долги 4 години за да и’ се заблагодариме.

Единствената зелена кандидатка за градоначалничка на Скопје на последните локални избори доби околу 10.000 гласови. Толку гласови се доволни за најмалку еден пратеник во било која од шесте изборни единици за парламентарните избори. А гледаме деновиве колку вреди токму еден пратеник во македонското Собрание.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ