• Latest

„Доста е, претеравте“, протест на КСС утре пред Владата и Собранието

April 14, 2021
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Иран лансираше ракети врз американската база во Катар како одговор на нападите врз неговите нуклеарни капацитети

June 23, 2025
Фото: МНРиНТ

МНРиНТ: Граѓаните да не патуваат на Блискиот Исток, ќе се евакуира уште едно македонско семејство од Израел

June 23, 2025

Кон обновата на Украина

June 23, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Маратонците го трчаат почесниот круг – „во цветот на староста“ ќе ги спасуваат Македонците од геноцид

June 23, 2025
Фатмир Битиќи (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Битиќи за НОВА: Ако Владата одлучи да го игнорира или сопре ИФМИС, тоа значи дека одбива внатрешна контрола, не сака автоматизација на системите, а уште помалку сака јавноста да знае како и каде се трошат парите

June 23, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Ниту по 36 обиди не се конституира косовското собрание; На северот на Косово запленето оружје кај лидерот на „партијата за српска демократија“, полицијата трага по него; Во Њујорк се одржа парада на Албанците

June 23, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за операцијата на САД во Иран?

June 23, 2025

Богојески ја отстранува „родовата идеологија“ од Еразмус+ и ЕСК

June 23, 2025
Фото: украинската амбасадорка во Северна Македонија, Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Кијив – уште една ноќ на терор, ракети и дронови од рф погодија станбени згради и болници, под урнатините има луѓе

June 23, 2025
Фото: Амбасада на ОК во Северна Македонија

Специјалната претставничка на ОК за Западен Балкан, дама Карен Пирс: Обединетото Кралство ја зајакнува регионалната соработка во Западен Балкан

June 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

„Доста е, претеравте“, протест на КСС утре пред Владата и Собранието

April 14, 2021 13:16
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Социјален дијалог нема, уништен е, нема ниту покачување на минималната плата, вака денеска Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) го најави утрешниот протест што ќе се одржи  во 16 часот.

Протестот со автомобили, под мотото „Доста е, претеравте“, ќе почне од кај хотелот „Вип“, спроти Македонската телевизија, а ќе продолжи преку булеварот „Кочо Рацин“, до Собранието на Република Северна Македонија каде е предвидено обраќање. Потоа, протестот ќе продолжи кон Владата.

КСС очекува голем одѕив. За протестот се известени меѓународните и сите домашни синдикати, како и граѓански организации за заштита на работничките прави. Од нив е добиена поддршка, но се уште не е и од ССМ, кој исто така е информиран.

-Од тука ќе ја испратиме првата порака, а утре ќе ја испратиме и од пред Владата – доста е, претеравте, ова веќе не можеме да го издржиме. Многу пати досега кажавме дека во земјава социјален дијалог не постои, уништен е. Постои само формален социјален дијалог, нема суштински социјален дијалог, социјален дијалог каде што треба да се сликаме или да поддржиме некој популизам на Владата. Нема покачување на минималната плата. Донесоа одлука наспроти негодувањето на синдикатите да се зголеми 1,7 отсто. Но, слушнавме од Државниот завод за статистика дека само инфлацијата во март е два процента, нема работна недела, почнавме со 30 дејности, стигнавме до 38, рече претседателот на КСС, Благоја Ралповски, оценувајќи го однесувањето на власта како девијантно.

Тој ги повика сите работници и граѓани кои чувствуваат, како што рече, пресија и угнетеност, да се приклучат на утрешниот синдикален протест.

КСС, соопшти Ралповски, пред прес-конференцијата добила информација дека директорот на Затворот во Шутка забранил од април да се исплаќа членарина на синдикалните организации.

-Притисокот станува се поголем и пожесток. Затоа и нашиот одговор ќе биде поголем и пожесток. Очекуваме сите партии кои се заинтересирани, да го сопрат ова девијантно однесување на Владата, да им дадат поддршка на работниците кои во овој момент се клекнати на колена, кои се осиромашени и не можат да го преживеат месецот, а трпат реперкусии секојдневно, напомена Ралповски.

На новинарско прашање што доколку нема одговор од Владата и по протестот, Ралповски повтори дека КСС ќе продолжи да делува уште пожестоко и порадикално.

Според него, под притисок на капиталот и бизнисот се прави бајпасирање на Законот за работни односи за неработна недела, а преку специјални закони се определува работниците да работат повторно во недела. Нема ниту 100 отсто боледување за сите болни од КОВИД.

-Секојдневно се кршат колективните договори и законите од трудовото право, инспекторатите воопшто не постапуваат по нашите претставки, се врши притисок наши членови да си одат од КСС, истакна Ралповски откако го најави протестот.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Централен одбор на ДОМ. Фото: dom.org.mk

    ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Американски бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Напад со „валкана бомба“: Можен следен потег на Иран против Израел

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Престолонаследникот Реза Пахлави ги повика Иранците на национално востание: „Сега е време да го вратиме Иран“

    90 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ