• Latest

Доставени предлог составот и програмата на новата Влада, Нефи Усеини во притвор, учебна година од 1 октомври…

August 26, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Доставени предлог составот и програмата на новата Влада, Нефи Усеини во притвор, учебна година од 1 октомври…

August 26, 2020 16:21
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Заев ги достави до Собранието предлог составот и програмата на новата Влада

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска во 11 часот го достави до Собранието предлог составот на новата Влада и програмата за нејзината работа.

„Денес во Собранието доставив предлог Програма за работа и предлог состав на новата влада на Република Северна Македонија. На изборите граѓаните го потврдија правецот и ставот кој денес го преточуваме во конкретни кадри и програма. Македонските граѓани ќе добијат одговорна влада која ќе гарантира континуитет во остварување на стратешките приорити, членството во НАТО, преговорите со ЕУ, добрососетски односи… Денеска, како мандатор доставив до Собранието предлог за влада која е подготвена да сработи во полн 4 годишен мандат. Со мене се 19 инистри и министерки со кои се обврзуваме дека ќе работиме уште повеќе и уште подобро“, рече Заев.

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Зоран Заев истакна дека помалкубројните етнички заедници како што се Турците, Ромите, Бошњаците, Србите, Власите итн., ќе бидат застапени во сите институции, односно ќе има заменици министери, државни секретари, директори, раководители на големи и сериозни институции…

Советникот на ДУИ во Општина Охрид, Нефи Усеини од претпладнево заедно со брат му се во затворот во Охрид, откако Јавното обвинителство им определи мерка притвор од 8 дена, за нападот врз Спиро Топалкоски, потврдија од МВР за ЦИВИЛ Медиа.

Новата учебна година дефинитивно ќе започне еден месец подоцна, на 1 октомври, поради пандемијата на коронавирусот. Мандатарот Зоран Заев на денешната прес-конференција, по доставувањето на предлогот за новата влада во Собранието, најави такво решение, кое техничката влада предводена од Оливер Спасовски во меѓувреме го усвоила.

Куманово станува седиште на една од најзначајните регионални иницијативи, Бригадата на Југоисточна Европа и во следните шест години, ова ќе биде местото каде што ќе биде лоцирана оваа Бригада како главен дел од иницијативата која што е почната пред 22 години во Скопје и во која што како држава ги учевме првите лекции за развој на заеднички одбранбени капацитети.

Тоа го истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска која денеска, во пресрет на вечерашната свеченост, го посети објектот во кој до 2026 година ќе биде стационирана Командата на Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG), формирана со договорот потпишан во Скопје во 1998 година.

Судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието продолжува на 4 септември со сослушување на сведоци предложени од одбраната на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски.

Судскиот предмет за петкратното убиство во Смилковско Езеро во април 2012, познат како „Монструм” денеска продолжи во Кривичниот суд Скопје.

Мрежата за заштита од дискриминација бара од Собранието изборот на Народниот правобранител да биде еден од приоритетите на новиот парламентарен состав, да биде спроведен транспарентен и фер процес на селекција на кандидатите, ослободен од влијанието на политичките партии и да биде извршен избор на компетентен и соодветен кандидат/ка.

Денеска се одбележуваат 110 години од раѓањето на Мајка Тереза.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Еврејската заедница во Бугарија го квалификува како „антисемитизам“ и реагира остро против Каракачанов и неговите етикетирања на луѓе од граѓанските движења како „соросоиди“. Кај нас, етикетирањето како „соросоиди“ на луѓе, па и на многу луѓе кои немаат никаква врска со фондацијата на Џорџ Сорос, трае со години. Досега не се сеќавам дека сум чул реакција на оваа тема од еврејската заедница во Македонија“, пишува Петрит Сарачини во Да не треба да му се извиниме на Грујо што ги браневме „соросоидите“?

А. Петровска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ