• Latest

Доставена кауцијата за ослободување на Пуџдемон од притвор во Германија

April 6, 2018
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Доставена кауцијата за ослободување на Пуџдемон од притвор во Германија

April 6, 2018 15:45
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Доставена е гаранција во висина од 75.000 евра за ослободување од притвор на поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон.

Суд во германската сојузна покраина Шлезвиг-Холштајн вчера  донесе одлука за ослободување од притвор на поранешниот претседател на каталонската регионална влада, Пуџдемон, со кауција од 75.000 евра.

Според одлуката на Судот, 55-годишниот Пуџдемон ќе остане на слобода се до донесувањето одлука по барањето на шпанските власти за негова екстрадиција во Шпанија, каде е обвинет за бунт, поттикнување бунт и злоупотреба на државни средства за организирање на ланскиот референдум за независност на Каталонија.

Судот оцени дека Пуџдемон не може да биде екстрадиран во Шпанија по главното обвинение за бунт, бидејќи според германското законодавство таквото дело би требало да подразбира и насилство.

Германското јавно обвинителство во вторникот побара Судот да дозволи екстрадиција на Пуџдемон во Шпанија, со обарзложение дека барањето на Мадрид е оправдано, бидејќи „можело да се очекува оти организирањето на противуставниот референдум за независнот на Каталонија, ќе доведе до насилни судири“.

Адвокатите на Пуџдемон побараа од германските власти „да не се мешаат во случајот“, со образложение дека целиот случај има „политичка димензија“.

Пуџдемон минатиот викенд на средба со двајца пратеници во германскиот Парламент, кои го посетија во притворот, изјави дека не е криминалец и дека борбата за независност на Каталонија се базира на демократија и ненасилство.

– Ние не сме криминалци. Два пати победивме на избори, изјавил Пуџдемон

Пуџдемон нагласил дека кривичното дело бунт, за кое го товарат шпанските власти, подразбира употреба на сила.

– Немаше насилство, значи нема ни бунт, изјавил Пуџдемон на средбата.

Пуџдемон беше уапсен во Германија на 25 март, додека се враќаше од Финска во Белгија, и беше префрлен во притвор во Нојминстер. Тој ја напушти Шпанија лани во октомври откако Мадрид ја суспендира автономијата на Каталонија, како одговор на одлуката на каталонскиот Парламент за прогласување независност на регионот.


Извор: МИА

Tags: КаталонијакауцијаодлукаослободувањеПуџдемонШпанија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ