Граѓанската борба за заедничките ресурси го руши наметнатиот дискурс дека државата треба да владее со ресурсите или тоа треба да биде во полза на приватниот интерес, изјави Ивана Драгшиќ, претседателката на невладината организација „Плоштад слобода“ во емисијата „Утрински брифинг“.
– Дојде време кога многу искуства покажаа декa тоа не функционира добро. Во налетот на најголемите националистички наративи кои ги користат сите тие пристапи, додека во исто време се одзема и уништуваат природните ресурси, многу од зелените политичари и активисти на оваа тема, нудат нова алтернатива, која е изолирана од коруптивноста на јавните институции и повеќе подготвена во однос на демократско управуавње со ресурсите, смета Драгшиќ.
Владеењето или управувањето со јавните добра доаѓа од теоријата за комонс (commons) на Елинор Остром, како правец во кој може да се размислува за самоуправувањето како модел на редистрибуција на моќта, во конфликт, партнертство или со поддршка од државата или пазарот.
Плоштад Слобода вчера го промовираше краткиот истражувачки филм, изработен од новинарот Петар Клинчарски.
Филмот ја проследува борбата за заштита на заедничките ресурси во Боговиње, во Охрид и во југоисточна Македонија, истовремено компаративно следи и неколку слични случаи во Хрватска. На сите овие места станува збор за самоорганизирана броба за зачувување на заедничките добра.