Џабир Дерала, ЦИВИЛ, во „Перспективи 2018“ говори за стравовите, ризиците и надежите во 2017 година и перспективите во 2018 година. „Правдата и човечноста се освојуваат секој ден“ – вели Дерала.
„Перспективи 2018“ е видео серијал кој го подготви Редакција ЦИВИЛ Медиа, во која покани дваесетина јавни личности, експерти и активисти да зборуваат за перспективите на Македонија во 2018 година.
Се работи за видео материјал кој опфаќа низа различни аспекти на политичките и општествените процеси во земјава, корисна видео лектира за сите засегнати и свесни граѓанки и граѓани, но уште повеќе за носителите на одлуки во институциите на централно и локално ниво. Се говореше за човековите права, демократските трансформации и реформи, развојот, владеењето на правото, политичките процеси, екологијата, културата… Меѓу говорниците се интелектуалци, експерти, јавни личности и активисти од кои јавноста ќе има можност да дознае нови работи и да ги погледне перспективите на Македонија од еден поинаков агол, без пардон.
„Перспективи 2018“ е дел од проектот Слободни медиуми за слободно општество, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.