• Latest

Драма во СЈО, притвори, истрагата за рекет продолжува, Мицкоски одби лидерска… Тежок ден…

July 16, 2019

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на Sky News Australia

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц му вети на Зеленски засилен притисок врз Москва и проширена одбранбена соработка

October 11, 2025

Стартува Системот за електронско регистрирање на влез и излез преку границите на Шенген зоната

October 11, 2025
Тенеси, експлозија. Фото: Скриншот од видео на Би-Би-Си

Неколку луѓе загинаа а најмалку 12 се водат за исчезнати при експлозија во воена фабрика во САД

October 10, 2025

Мачадо: Нобеловата награда за мир е огромно признание за борбата за сите Венецуелци

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Драма во СЈО, притвори, истрагата за рекет продолжува, Мицкоски одби лидерска… Тежок ден…

Од дневникот на ЦИВИЛ Медиа се издвојува драматична прес конференција на СЈО, прифаќања и одбивања на повикот за лидерска, обвинителствата со меѓусебни обвинувања.

July 16, 2019 16:26
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: ДРАМАТИЧНА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ВО СЈО

„Во однос на актуелните случувања изразуваме загриженост. Сакам да испратам апел да се почитува начелото на презумпција на невиност. Се придружуваме на повикот на јавниот обвинител, секое лице засегнато од криминалитет, ваквите активности да ги пријави, а истражните органи ваквите акти да ги истражат. Отворени сме за сорботка со колегите, тука сме да ги размениме информациите“, изјави Ленче Ристовска на денешната драматична прес конференција во СЈО, по истрагата во која, наводно, е вмешана првата специјална обвинителка во оставка, Катица Јанева.

Ристовска додаде дека се надева дека нивниот интегритет нема да биде нарушен од можните сомненија.

Обвинителката Лиле Стефанова, која го  води предметот „Империја“, рече дека не стравува од можноста да биде инволвирана во истрагата на Обвинителството за организиран криминал. Таа изјави дека не знае дали Катица Јанева треба да стравува и дека тоа новинарите треба да ја прашаат нејзе лично. Стефанова сподели со јавноста дека, согласно законот, никој освен Катица Јанева нема право да потпишува ниту една одлука, ниту мислењата за пуштање од притвор, ниту одлука за враќање на патни исправи. „Сите одлуки ги носи и потпишува Катица Јанева, така гласи законот!“ – додаде Стефанова.

Засега, СЈО нема информација каде е Катица Јанева, а Ристовска изјави дека лично не контактирала со неа и дека во СЈО биле информирани непосредно пред нејзиното објавување.

РЕКЕТ: ДВАЈЦА ВО ПРИТВОР, ИСТРАГАТА ПРОДОЛЖУВА

Бојан Јовановски и Зоран Милевски осомничени за примање награда за противзаконито влијание, како и за перење пари, добија 30 дневен притвор поради опасност од бегство, влијание врз сведоците и постапката, како и поради можност од повторување на делото.

Бојан Јовановски приведен на распит

Според обвинителката за организиран криминал, Вилма Рускоска, првоосомничениот го искористил своето влијание кај јавен обвинител и зел 1,5 милиони евра од лице под истрага за да му ја олесни положбата. Второосомничениот овозможувал средби со лицето под истрага, кое во оваа истрага е сведок.

Кај двајцата осомничени е извршен претрес, но не и кај обвинителката која Рускоска одби да ја именува. На неименуваната обвинителка ѝ е одземен само мобилниот телефон. При претресите, одземени се персонални компјутери, документација, мобилни телефони, УСБ стикови и мемориски картички, оружје и муниција, како и поголемо количество на брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички дела.

СЕЛА И АХМЕТИ ЈА ПРИФАТИЈА ПОКАНАТА НА ЗАЕВ ЗА ЛИДЕРСКА СРЕДБА, МИЦКОСКИ НЕМА ДА ПРИСУСТВУВА

По јавниот повик на премиерот Зоран Заев за лидерска средба во петок, 19 јули, со почеток во 14 часот во Клубот на пратениците, потврдни одговори за учество пристигнаа од ДУИ и од Алијанса за Албанците.

Лидерска средба 19.07.2018

На прес конференција што ја одржа Христијан Мицкоски во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ денеска, јавно ја одби поканата за лидерска средба од премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД ДО ОЈО – „ДА СИ ПОГЛЕДНЕТЕ ВО СОПСТВЕНИОТ ДВОР!“

Од Основниот кривичен суд Скопје на Обвинителството му порачуваат, наместо редовно и неосновано да го напаѓа судот и судиите после секоја судска одлука од која не се задоволни, да си погледне во сопствениот „двор“.

Кривичен суд

Судот и судиите работат согласно законските одредби, го почитуваат начелото на еднаквост на оружјата, уставно загарантираните права и слободи и одлучуваат врз основа на доказите и аргументите, а не врз основа на лични желби на странките во постапката, се вели во писмената реакција од Основниот кривичен суд Скопје, во однос на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА ПО ПАДОТ НА ЦИПРАС И ПОДЕМОТ НА МИЦОТАКИС

Додека минатата година Република Грција и Република Северна Македонија, конечно ставија крај на тридеценискиот спор со името, една година подоцна, јавноста стравува дека со промената на власта во Грција, можна е промена на билатералните односи меѓу двете земји, кочење на интегративните процеси на Северна Македонија.

На оваа тема, што значат резултатите од грчките предвремени избори за Северна Македонија, зборувавме со претставници на власта и граѓанскиот сектор, политички аналитичари и граѓаните на Скопје и Велес.

М. Ивановска
во соработка со тимот на ЦИВИЛ Медиа

Print Friendly, PDF & Email
Share71Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

    Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ