пишува: САФИТ ЗЕЌИРИ
Во современиот свет, демократските држави имаат повеќе демократија инсталирана во нивниот систем. Оваа форма на демократија, се прави со реализација на волјата на мнозинството граѓани преку институциите и политичките претставници избрани од народот.
Застапниците на ова демократија, потенцирајќи ги предностите на репрезентативниот систем во однос на директниот систем на демократијата, претставува одредени предизвици и потешкотии што можат да ги имаат при спроведувањето на истата каде што волјата на народот е директно изразена.
Политичките одлуки донесени во директната демократија нужно бараат повеќе време и подетална подготовка. Во земја како што е Република Северна Македонија, и каде што стана практика да се оди често на гласање и собирање потписи како иницијатива, ваквите постапки главно се административни, и логистички бараат време, голем работен тим и брзина на работа. Не би било во интерес земјата времето да помине поради подготвителни процедури до моментот на донесување одлуки, а исто така да се почне со полна пареа да се постигнат задоволителен прогрес за граѓаните во сите сфери.
Во држава каде што честата практиката за спроведување предвремени избори, секогаш се подразбираат многу високи трошоци на буџетот кој го полни народот, а фидбекот за ова – ајде на избори!
Доколку изборите не беа чести, можеби дури и трошоците направени за подготовка на истите не би бил значителен, и народот би бил послободен во текот на годината, а не секојдневно да го слуша зборот избори. А тука се и материјалите што треба да се користат за истите, печатење на гласачки ливчиња, избирачки списоци и други материјали, за ваква практика исто така заземаат место во значителните парични расходи. Таквите трошоци веројатно можат да бидат лесно покриени од економски моќни земји како што е Швајцарија, но не во држава како што е нашата.
Јасно е дека вистинска демократија многу тешко може да се постигне дури и во најповолни околности, но секое современо општество се повеќе се движи кон нивната најголема демократизација, така што целиот државен апарат работи во служба на народот и да им се врати на луѓето човечкото достоинство и довербата во институциите.
Затоа и оваа година ќе имаме избори, пак трошоци, но за разлика од предвремените парламентарни избори овие се редовни локални. А тие што ќе бидат во трка за градоначалниката фотелја ќе треба да имаат реална програма со цврсти ставови за реализирање на истата во текот на мандатот и без никаков застој за напредокот на општината што ќе ја води.