• Latest

Државна лотарија под лупа на ревизорите: Сомнежи за злоупотреба на речиси 2 милиони евра јавни средства

December 16, 2025

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Државна лотарија под лупа на ревизорите: Сомнежи за злоупотреба на речиси 2 милиони евра јавни средства

December 16, 2025 10:39
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот завод за ревизија (ДЗР) се воздржа од изразување мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи и даде неповолно мислење за усогласеноста со законската регулатива во работењето на АД Државна лотарија на Република Северна Македонија за 2024 година.

Ревизорите утврдиле сериозни слабости во финансиското управување, отсуство на внатрешни контроли и низа нерегуларности кои, според извештајот, отвораат сомнеж за можна злоупотреба на јавни средства во износ од 122,5 милиони денари (околу 2 милиони евра).

Во 2024 година, Државна лотарија остварила дневен пазар од над 46 милиони денари на 10 сопствени продажни места, но средствата не биле редовно уплатувани на платежните сметки, спротивно на законските обврски. Во текот на целата година, уплати на „дневен пазар“ биле извршени само двапати, при што ревизорите утврдиле дека не станува збор за реален дневен промет, туку за префрлање готовина меѓу сметки на друштвото.

Дополнително, не се водела благајничка книга, не постоела соодветна документација за прием и предавање на готовина, а дневниот пазар не можел да се следи и евидентира навремено.

И покрај тоа што во систематизацијата се предвидени благајник и шеф на сметководство, клучните финансиски активности ги извршувало едно лице – директорот на Секторот за финансии и сметководство. Внатрешната ревизија не функционирала, што, според ДЗР, овозможило недозволени и нелегални активности да останат неоткриени.

Ревизорите утврдиле дека биле исплатени 13,9 милиони денари аванси за мали добивки директно од благајна, без користење на пропишаниот Мастер дилер. За најголем дел од овие исплати не постои валидна документација, а во одредени случаи на ист ден биле вршени исплати и преку благајна и преку Мастер дилер, без логично образложение.

Изјави од вработени лица укажуваат дека дел од евидентираните аванси воопшто не биле примени или вратени, што дополнително го засилува сомнежот за злоупотреба на средства.

Со анализа на трговските книги и on-line системите, ревизорите откриле нелогични и неоправдани трансакции од 122,5 милиони денари. Кај инстант лотаријата, неисплатениот фонд на добивки е за 63,3 милиони денари помал од податоците во централниот систем, што ја доведува во прашање можноста за идни исплати и го загрозува интегритетот на институцијата.

Кај наградите во предмети (станови, автомобили, скутери) не постои соодветна сметководствена евиденција, набавките биле вршени пред одобрување на правилата, а трошоци во десетици милиони денари не биле евидентирани.

Во 2024 година, Државна лотарија потрошила 220,8 милиони денари (3,58 милиони евра) за реклама, промоција и маркетинг – десет пати повеќе отколку во 2020 година. Ревизорите утврдиле неправилности од најмалку 73,4 милиони денари, поврзани со недостиг на договорни обврски за мониторинг, непоткрепени фактури и сомнителна оправданост на дел од настаните и емисиите.

Државниот завод за ревизија нагласува дека за сите утврдени неправилности, сомнежи за незаконско работење и ненаменско трошење јавни средства, се известени надлежните органи за понатамошно постапување. Истовремено, дадени се конкретни препораки за отстранување на слабостите и воспоставување функционално финансиско управување и контрола.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ