Со цел да спроведе ефикасно следење на изборната кампања на учесниците на претстојните Локални избори, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) објави повик за пријавување на 50 набљудувачи и 5 аналитичари кои ќе бидат ангажирани за време на изборниот процес и кампања.
За ангажманот следи соодветен надомест. Пријавувањето е по електронски пат. Повикот е објавен на веб страната на Комисијата. Повеќе информации за ДКСК, може да се добијат на официјалната веб страница www.dksk.mk.