• Latest

Државната лабораторија за животна средина ќе се сертифицира за мерење на аерозагадувањето

July 27, 2021

Во вториот круг од локалните избори евидентирани се 19.287 неважечки гласачки ливчиња

November 3, 2025
Фото: Телеграм

Најмалку 15 цивили убиени, меѓу кои 11 и 14-годишно дете и уште 20 повредени во руските напади низ Украина во изминатиот ден

November 3, 2025
Скриншот од sec.mk

Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

November 3, 2025
Скриншот од видео на
LiveNOW from FOX

Израел потврди дека Хамас ги врати телата на тројца војници кои беа држени како заложници, осум тела на израелски и странски заложници сé уште се во Газа

November 3, 2025
Фото: Црвена полумесечина на Авганистан / Х

Најмалку 20 загинати во земјотресот со магнитуда од 6,3 степени што го погоди Авганистан

November 3, 2025

Локални избори 2025: Генерално мирен процес со сериозни системски и институционални слабости — прелиминарна оценка на ЦИВИЛ

November 3, 2025
Илустрација ВИ

По двата круга на локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ има 54 градоначалници, ВРЕДИ 9, СДСМ 8, НАИ 5, а ЗНАМ, ДПТ и УР по 1, две општини ќе ги водат независни кандидати

November 3, 2025

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Државната лабораторија за животна средина ќе се сертифицира за мерење на аерозагадувањето

July 27, 2021 20:43
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Државната лабораторија за животна средина ќе се сертифицира за мерење на загадување на воздухот од стационирани извори. Оваа институција има сертификат за системот за квалитет според стандардот ISO 17025 за акредитирана лабораторија и минатата година го заврши процесот на акредитација за шест методи за квалитет на вода и една методa за бучава. Минатиот месец, пак, официјално започна и процедурата за првата метода за воздух со набавката на нов инструмент за мерење на емисии од стационарни извори.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека во зависност од тоа дали ќе има забелешки, процедурата се очекува да заврши најбрзо до јануари, а најдолго до мај, идната година.

„За да се воведе, односно да се сертифицира нова метода, таа треба да се пријави во Институтот за акредитација на Република С. Македонија, а потоа се проверува и се додава кон акредитираните методи. Доколку Институтот има забелешки или несообразности, дава рок до три месеци за отстранување, пред да се добие сертификатот. Во однос на методите за квалитет на воздухот, лабораторијата ќе пријави најмалку една“, посочуваат од министерството.

Новиот инструмент за кој минатиот месец беше распишана јавна набавка ќе се користи за мерење на емисии во воздух од стационарни извори. Дополнително, информираат од министерството, во склоп на Регионалниот проект на IAEA – RER7011, набавен е уште еден инструмент, кој веќе е поставен во Централната лабораторија и ќе се користи за детекција и анализа на Black carbon во фракции на PM10 и PM2.5.

„Со овој инструмент ќе се овозможи анализа на концентрации на тешки метали во фракциите на PM10 честичките, за да се утврдат главните сектори на загадувањето, индустријата, транспортот, домаќинствата… и ќе ни овозможат да се направи приоретизација на мерките за намалување на аерозагадувањето“, информираат од Министерството за животна средина.

Акредитирањето на Државната лабораторија за мерења на емисиите во воздухот беше едно од најчесто повторуваните барања на еколошките организации и беше опфатено во еден од амандманите на буџетот за годинава, кои во Собранието го поднесоа еколошките активисти од О2 Иницијатива.

Екологистите повеќе години наназад апелираат да се забрза процесот на акредитација на Централната лабораторија за мерења на квалитетот на воздухот, за да се помогне во работењето на Државниот инспекторат за животна средина во документирањето на случаите на аерозагадување.

Лабораторијата постои повеќе од четири децении, а во составот на Министерството се наоѓа уште од неговото основање во 1995 година, но нејзините мерења на разни параметри на загадувањето досега не можеа да се сметаат за цврст доказ, посебно во судските постапки против загадувачите и таа досега не беше во функција на инспекцијата за животна средина.

Досега, инспекторите мораа да се ослонуваат на мерењата кои ги прават самите индустриски капацитети, или пак примероци да испраќаат во приватни лаборатории кои се акредитирани. Поради тоа што овие лаборатории честопати беа ангажирани и од самите компании, еколошките здруженија и стручната јавност укажуваа на можен судир на интереси и пристрасност во утврдувањето на фактичката состојба со мерењата на аерозагадувањето.

Извор: МЕТА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ