Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, ги „промовираше“ лошите услови во просториите на администрацијата и неговите канцеларии во општината.
По цело неделното врнежливо време и лошата инфраструктура на општинската зграда, резултатот е протечени плафони, влажни ѕидови, а постои ризик и за избивање на поголем проблем поради протекување на вода директно во струјната инсталација.
Како што вели Дудуш, во својот допис до медиумите, вработените се пожалиле дека вакавата состојба трае со години, а претходниот градоначалник, Елвис Бајрам, во меѓувреме си ја проширувал и реновирал канцеларијата.
Б.Ј.