• Latest

ДУИ и ДПА, во обид за бегство во победа од поразот и одговорноста

December 28, 2016

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДУИ и ДПА, во обид за бегство во победа од поразот и одговорноста

December 28, 2016 14:11
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

ДУИ и ДПА мајсторски ја играат играта за релативизирање на одговорноста за преполовување на нивните гласови и мандати, како резултат на слугувањето на непријателот на Албанците, Груевски и неговите началници – што, всушност, и им  го донесе овој изборен пораз.

Пишува: Петрит Сарачини

Пишува: Петрит Сарачини

Игра за спасувањето на „газдата“, но и на кожата на вазалите, се одигрува, меѓу другото, преку ставање во игра и меѓусебни кавги на моралните победници на овие избори, Движењето Беса и „Алијансата за Албанците“. Дури, како што гледаме, оваа кавга и овие партии стануваат главна тема на дебатата во медиумите и на социјалните мрежи.

А чуму тоа? Па, нели, ДУИ и ДПА имаат и самите мандати за да направат влада, без разлика дали со ВМРО (бидејќи тоа, како што гледаме, е исто така опција на масата, и покрај 90% од Албанците кои се против), или со СДСМ? Од каде доаѓа оваа широкоградост и канење на „малите” на масата, оваа братска љубов откриена по изборите?

Да Ви каже Младичот со кристалната топка. Доаѓа од обидот за споделување на одговорноста, или за бегство од одговорноста за заедничкото владеење со Груевски, кое ни ја донесе оваа мизерија, во секој аспект.

Одговорноста за убиствата, затворањата, злосторствата и криминалот, за кражбите, партизацијата на државата, бедата во економијата, за здравството, образованието, невработеноста, за бегањето во странство на стотици илјади млади луѓе, за Куманово, Бродец, Енциклопедијата, „Скопје 2014“, за “проектот” 3-5.000 евра мито за работни места, за животот без водовод, канализација, пат, за „Индијанците, за фаќањето за врат на Албанците… И, сето тоа, сега мора да биде покриено со патриотска реторика, со барања и ултиматуми кои не може да се реализираат. Не со овој изборен резултат. И секако, не со Груевски, кој го користи антиалбанството, како главна алатка за градење на политиките на неговата партија.

Да Ви повтори Младичот. Првиот чекор за да се исполнат барањата на Албанците е да се скршат Груевски и криминалците. Да се заштити СЈО. Да започнат судските постапки на СЈО за „Монструм“, „Сопот“, за изборниот криминал… Откако ќе видиме некои од криминалците зад решетки, а за тоа нема да биде потребно повеќе време доколку Груевски и МВРО се развластат и остават во опозиција, потоа, албанските политички партии можат да водат политика и да бидат цврсти кон секого кој сака да ги заобиколи или потчинува Албанците во Македонија.

Ако го направат тоа, лесно може да се вратат десетиците илјади гласови на Албанците што отидоа на друго место – само затоа што не сакаат да гласаат за оние, коишто во кампањи, по митинзи и медиуми, зборуваат против Груевски, а во реалноста – седат со скрстени нозе во неговиот скут.

Како што се одвиваат работите, мошне е веројатно да се случи губитниците да победат, а победниците да загубат. Нé очекуваат нови избори наскоро. А кога сме кај изборите, едно е сигурно, Албанците покажаа дека знаат да избираат. Политичарите – Албанци, но и Македонци, треба да го имаат ова предвид.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: албански партииДПАДУИизбориМакедонијаЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ