• Latest

ДУИ и СДСМ обвинуваат за корупциски скандал на Меџити, премиерот Мицкоски им порача да достават докази

February 24, 2025

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Не прашувам реторички: што правите, бе?

July 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ДУИ и СДСМ обвинуваат за корупциски скандал на Меџити, премиерот Мицкоски им порача да достават докази

Апсолутно сите оние кои поседуваат какви било докази за такво нешто за кое ДУИ тврди, еве ги повикувам, мојот број сите го знаат. Денес, утре, да дојдат, ако треба ќе напуштам состанок да ги видам тие докази и да ги дадеме на органите коишто треба да постапуваат, рече Мицкоски.

February 24, 2025 14:09
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека има доверба во работењето на Изет Меџити, а им порача на Демократската унија за интеграција (ДУИ) доколку имаат докази за негово незаконско работење да ги достават.

Ова беше одговор на Мицкоски на новинарско прашање да го коментира соопштението на ДУИ во кое тие изразија сомнежи за распределбата на фондовите за проекти во културата, посочувајќи дека Сарана Адеми, која е шеф на кабинетот во партијата на Меџити, Демократско Движење, била именувана за член на комисијата за музичка дејност.

ДУИ обвинува и за орупциски скандал во Министерството за животна средина, каде што по контролата на Државниот управен инспекторат е потврдено злоупотребата на службената должност од страна на министерот Изет Меџити и неговиот кабинет.

„Но, прашањето што останува без одговор е: Каква е улогата на шефот на кабинетот на Меџити во овој скандал? Доверливи извори од Министерството за животна средина потврдуваат дека шефот на кабинетот на Меџити бил клучна фигура во шемата на уцени и мито, вршејќи притисок врз компании и граѓани за секоја административна услуга. Од лиценци и еколошки дозволи до обични бирократски постапки, ништо не поминувало без негово одобрение и без коруптивните шеми водени од кабинетот на Меџити. Истите овие луѓе биле вклучени во слични корупциски шеми и во Општина Чаир, претворајќи ја во урбанистички кошмар за граѓаните“, велат од ДУИ.

Премиерот Мицкоски во одговорот рече и дека со потпретседателот на Влада и министер за животна средина има непосредна блиска соработка.

– Апсолутно сите оние кои поседуваат какви било докази за такво нешто за кое ДУИ тврди еве ги повикувам, мојот број сите го знаат. Денес, утре, да дојдат, ако треба ќе напуштам состанок да ги видам тие докази и да ги дадеме на органите коишто треба да постапуваат. Во спротивно морам да ги предупредам од ДУИ дека продолжуваат да сеат пердуви, да се занимаваат со магла, магла којашто е оптоварена со зборот корупција бидејќи тоа беше нивно второ име во минатото во коешто главен атрибут беше Трговски центар Соравија во Скопје, ролс-ројс автомобилите на сватовите, деловните простории на семејството на тогашниот потпретседател и шеф на кабинет на господинот Ахмети и така натаму, истакна Мицкоски на денешната прес-конференција во Владата.

Според премиерот за редење на скандалите на ДУИ, може да има една цела прес-конференција. Тој за ДУИ оцени, дека „Фројд, владеее со нивната потсвест“ и истакна дека има апсолутна доверба во работењето на господинот Меџити.

СДСМ објави документи, велат „доказите потврдуваат вмешаност на Меџити во злоупотреби и сомнежи за корупција“

– Денеска пред јавноста ги објавуваме доказите кои потврдуваат дека вицепремиерот Изет Меџити незаконски ги заобиколувал институционалните процедури, со цел лично да одлучува кои документи и предмети ќе бидат одобрени или стопирани. Документите кои до нас ги доставија свиркачи, а кои ги презентираме денес, покажуваат дека Меџити ги пречекорувал своите законски овластувања, лично потпишувајќи ги сите предмети, без законска основа и без почитување на процедурата за административно постапување. Со тоа, Изет Меџити не само што вршел злоупотреба на позицијата, туку се отвора и сериозно сомневање дали на овој начин сакал да воспостави контрола и да има простор за уцени кон фирмите и граѓаните, истакна на денешната прес-конференција на СДСМ, Мартин Костовски – организациски секретар.

„Поради оваа груба злоупотреба, Државниот управен инспекторат со Решение Бр. 11-1653/2024 од 17.01.2025 година официјално ги одзел ингеренциите на Меџити во делот на потпишувањето на административни документи. Со ова решение јасно се потврдува дека незаконските постапки на Меџити биле детектирани и санкционирани“, рече Костовски.

Тој истакна дека ова не е прв скандал во кој Меџити е вмешан.

„Најпрво, јавноста беше сведок на неговите партиски вработувања, а сега гледаме дека истиот човек, спротивно на законот, создал сопствен систем за потпис и одлучување, што отвора сомнежи за корупција и мито. Јавно го прашуваме Христијан Мицкоски: до кога ќе го штити Изет Меџити? Дали Меџити ќе го доживее истото сценарио како Артан Груби, кој по бројните злоупотреби избега од правдата токму со аминување на ВМРО-ДПМНЕ? Очекуваме Мицкоски јавно да им се извини на граѓаните за ваквите постапки на својот најблизок соработник и конечно да го разреши од функцијата. СДСМ ја повикува Државната комисија за спречување на корупција и Јавното обвинителство веднаш да отворат истрага и да постапат во согласност со законот. Почитувани граѓани, зад наводниот патриотизам на Мицкоски и ДПМНЕ се крие груба корупција и манипулација со државните институции. Време е да се стави крај на оваа злоупотреба“, изјави Костовски.
Д.М.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ