• Latest

ДУИ: На моноетничката средба Мицкоски – Филипче ќе се разговара како да се отстранат Албанците од сите нивоа на власт во државата

April 3, 2025

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДУИ: На моноетничката средба Мицкоски – Филипче ќе се разговара како да се отстранат Албанците од сите нивоа на власт во државата

Овој план не е нов, туку е скорен пред три години преку ноторниот договор Мицкоски-Заев пред сѐ како заштитен чадор за транзициската олигархија во земјава, велат од партијата од Мала Речица.

April 3, 2025 10:52
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Oпозициската ДУИ обвини дека на лидерската средба помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, повторно ќе биде демонстрирана моноетничка коалиција која има за цел да го преобликува политичкиот модел на државата од мултиетничка во моноетничка демократија.

Партијата обвини дека на средбата Мицкоски – Филипче ќе има точки кои нема да ѝ се презентираат на јавноста.

Првата точка, како што велат од ДУИ, ќе биде неказнивоста, односно каков правосуден систем им е потребен за да не одговараат, јавно да се напаѓаат, а меѓусебно да се штитат дури и во состојба на трагедии како последната во Кочани. Втората точка за која ќе се разговара на лидерската средба, според ДУИ, е како да се отстранат Албанците од сите нивоа на власт во државата, а потоа да се држат на периферијата на општествените текови.

„Овој план не е нов, скроен е пред три години преку ноторниот договор Мицкоски-Заев пред сѐ како заштитен чадор за транзициската олигархија во земјава. Планот веќе се реализира преку укинувањето на балансерот, моноетничкото одлучување на Уставниот суд, но и отстранувањето на Албанците од голем број високи позиции во државната управа. Реализацијата на овој план е невозможна без да се пронајдат ‘чесните Албанци’ кои треба да обезбедат лажна легитимација за мултиетнички консензус на ова политичко преструктуирање“, велат од ДУИ во пресрет на средбата на премиерот и лидерот на СДСМ.

ДУИ ги повикува целит политички и неполитички спектар на Албанците во државава, вклучително и лидерите на коалицијата „ВЛЕН“, заедно или одделно, да изразат јасен и гласен револт против обидот за, како што велат, реструктуирање на државата и да не дозволат да бидат вовлечени во планот за целосна дисквалификација на Албанците од општествените текови.

Во Владата денеска во 14 часот е закажана лидерска средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на која, според најавите, лидерот на опозицијата ќе го претстави планот за подобрување на состојбите во државата.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ