Демократската унија за интеграција издаде соопштение во кое најостро ги осудува скандалозните изјави на пратеникот на ВМРО ДПМНЕ кажани од највисоката законодавна институција.
Од партјата велат дека ваквите изјави на Александар Николовски, кој е и потпретседател на најголемата опозициска партија, не само што се скандалозни, туку и поттикнуваaт војна и шират омраза меѓу населението.
Демократската унија за интеграција ја повикаа ВМРО ДПМНЕ да се огради од овие поттикнувачки изјави на Николовски искажани во Собранието и истовремено апелира истите изјави да ги осудат и другите партии кои работат на тоа државата да оди напред.
Не треба да се дозволи во никој случај, кога земјата е во најважните моменти да чекори по европскиот пат, некој да ја врати со години назад со декларации кои поттикнуваат војна.
Демократската унија за интеграција ги уверува граѓаните дека како проевропски и проамерикански субјект ќе работи на зачувување на демократскиот и европски дух на земјата и ќе работи иднината на новите генерации да биде во големото европско семејство, стои во соопштението.
За потсетување, пратеникот Николоски синоќа изјави дека мора сериозно да се размисли за темелите и за основите на кои е поставена оваа држава како и за рушењето и за ударот врз тие темели на кои е поставена Македонија.
„Со обидот да се уништи било каков плурализам кај Албанците во Македонија и со обидот сите албански политички партии да станат дел од Владата практично се удира во темелот на функционирањето на македонската држава затоа што се рушат балансите и во исто време мнозинската етничка задница во овој случај тоа е македонскиот народ кој е силно фрустриран затоа што политичката партија која победува на претходните два изборни циклуси кај Македонците а тоа е ВМРО-ДПМНЕ останува во опозиција од една страна, а од друга страна се уништува или убива опозицијата во албанскиот политички кампус“, изјави Николоски.
М. Д.