Уште еден синхронизиран потег на пратениците од ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, овој пат во корист на лицата кои се обвинети во случаите отворени од СЈО а кои се пред застарување.
Пратениците на Ахмети и Мицкоски не дојдоа на седницата на комисијата за политички систем каде требаше да се разгледа предлогот за продолжување на рокот за застарување на делата од два на три пати подолго од предвидената законска казна.
Со нивното отсуство, интегративците и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ оневозможија потребен кворум за отпочнување на седницата. Кирацовски на прес конференција извести за ваквото однесување на двете партии и потврди дека ова однесување оди во прилог на многу “поранешни и актуелни функционери” кои се засегнати во делата процесирани од СЈО.
Арбен Зеќири