• Latest

Душевадниците од нашето маало!

December 22, 2016
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
Илустрација. ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (2): „Ние знаеме што правиме“ – избирачките одбори пречка во работата на набљудувачите на ЦИВИЛ

November 12, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Лукоил во цајтнот, нема одговор за судбината на македонската подружница со 550 вработени и 40 бензински пумпи

November 12, 2025
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Душевадниците од нашето маало!

December 22, 2016 17:43
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Отсекогаш ме интригирале мразителите без причина, и сум се прашувал каде се корените на лудилото кое луѓето ги турка во омраза кон некого кого и не го познаваат, кон поинаквиот – според нација, вера, идеологија, сексуална определба, светоглед воопшто, или, според тимот за кој навива, хобито кое го избрал, типот на пијачка што го преферира….

sinischa-kolumna
Пишува: Синиша Станковиќ

Сум  пишувал, низ годините, разочаран до згаденост, за накотените „Хитлерчиња од нашите валкани, балкански џадиња“, всушност, кукавици кои мразат „за секој случај“ и кои му посакуваат зло некому по наредба, оти мислат дека така ќе го задоволат лидерот, Партијата, шефот на работа, роднината, сватот…, зашто, безначајни какви се, во нивните испразни животи, мислат дека барем на тој начин, ќе пораснат во нечии очи.

И, сум ги жалел, сум сочувствувал со таквите, кутри суштества, и особено со нивните деца, кои живеат и созреваат во такво опкружение. Сум се обидувал да најдам некаков противотров за нивната затруеност, за гнилежот во душите, пишувајќи и за нив и за „инаквите“, за да им се подотворат очите, со некои од нив и разговарајќи, лично споделувајќи ги и бранејќи ги сопствените вредности, стандарди и норми, карајќи се и создавајќи си нови непријатели…

Се надевав, низ годините, дека колку-толку имам успех, иако сум потполно свесен дека недовербата, предрасудите, погрешното воспитување, стравот од различноста имаат длабоки, вековни корени во Македонија и на Балканот, и дека со променилив успех биле прикривани и маскирани со гостопримливоста, јужњачката топлина и ширум отворените порти и срца, за секој добронамерник, дури и за туѓинец, кои, исто така, со векови, виреат на овие простори…

proslava-pred-palata2

По минатонеделната колумна, која на порталов и особено, преку социјалните мрежи, допре до десетици илјади луѓе (и искрено се надевам, дека барем дел од нив и ја прочитале), забележав едно чудо коментари од кои бликаше жолч, гнев, неверојатна омраза… Кога сé уште се пишуваа реакции и деманти, пред режимот да ја забрани полемиката и дебатата, во редакциите во кои работев, како човек со „нерви како кабли“, најчесто јас разговарав со незадоволниците кои реагираа за некој текст, ги објаснував своите или аргументите на колегите, им посочував на читателите како да демантираат, се извинував за евентуалните грешки (луѓе сме, нели, и ние, новинарите), и ја прифаќав одговорноста, некогаш – пцуејќи за брзината и невнимателноста, некогаш – срамејќи се, среќен што соговорниците не можат да ми ги видат вцрвенетите образи…

Откако, дел од новинарството во Македонија, стана ептен интерактивно (кај новите медиуми, од кои дел дозволуваат коментари на читателите/гледачите) видовме и прочитавме сé и сешто, во типично нашата верзија на деформирана демократија, каде на оној кој мисли поинаку, веднаш му се упатуваат највулгарни навреди. Иако, никогаш не ме засегале Интернет „јунаците“, кои ги излеваат фрустрациите, од топлите им засолништа (за оние, апаратчици, кои за ситни пари, ги креираат лажните профили, за да шират неказнето говор на омраза, поадекватен збор би било – дувла), овој пат, го замолив систем-инженерот на ЦИВИЛ, да ми направи принт-скринови (за СЈО, или за некое посреќно време кога ќе се нормализира ситуацијата во Македонија) и да ме поднаучи како да им ги разгледам профилите на Фејсбук, на сограѓаните ми, ем сонародници, кои ми (ни) посакаа толку грди и лоши работи, оти не се согласуваат со моите ставови во колумната?!

Меѓу педесетината, чии коментари ги издвоив поради навредите, заканите, пцостите, клетвите…, упатени кон мене лично, и кон сите нас, „соросоидите“ и „сороспиите“, „предавниците“ и „гнидите“, „наркоманите“ и „шарените хомосексуалчиња“, „продадените души“ и „ИСИЛ-овците“ од ЦИВИЛ, најбројни беа граѓани, госпоѓи и господа, или браќа и сестри, народски луѓе, од Охрид, Тетово, Кичево, Скопје, од дијаспората и од Струмица… Освен оние профили, на кои нема фотографии и пријатели, а од кои се пишува полуписмено, со големи букви и со многу извичници (демек, се вреска), за кои лесно може да се претпостави дека се лажни и од кој центар за штанцаат и лиферуваат, без зборови ме оставија профилите на граѓан(к)и, кои (без оглед што сé може да се фалсификува) изгледа, се постоечки нормални, луѓе. И, според фотографиите, (на некои главната фотографија им се децата и внуците!?), според пријателите, објавените постови, на прв поглед, се, значи, нечии родители и дедовци и баби, вработени, комшии, еснафлии…

И сите мразат! И пцујат и колнат! И порачуваат дека ќе сме ја „виделе демократијата на старомакедонски начин!“ И сé најлошо на инаквите им посакуваат. И се закануваат. Со смрт! Похрабрите со  „два-три атентати, некоја заушка, ќотекот е од рајот…“, демек, лично ќе ми (ни) пресуделе, а оние коркачите, со Ќосета-асасинот, и неговите посети во ноќта („кај тебе прво Ќосе ќе тропне“), оти „духот на Ќосета“ и „делото на Ќосета“, живееле во сите нив… Не сфатив, само, оти толку не раскараа и изделија, според нив, во кои – сите? Во „библиските“ ли, во „античките“ ли, во „не-Словените“ ли, во „барокните“ ли…? Или, само, во коркачите?

Мој фаворит, меѓу мразителите и заканувачите, сепак, е една госпоѓа, која на профилот објавила само фотографии на мачиња и колачи, а нé обвинува дека ние во ЦИВИЛ, сме „внуци на Сатанистот“, демек Сорос. Еваааааааа….

gruevski-poster

Некои од пцујачите и мразителите се партиски заслепени и нé караат оти така ја сфаќаат лојалноста кон Партијата, некои се очајно неинформирани, индоктринирани до срцевината со спиновите и голите лаги лансирани од презерватив-медиумите, некои сметаат дека се патриоти кои ја бранат „душата на Македонија“ и се плашат од исчезнувањето на Татковината од мапата, а некои веруваат дека се „верници“ и убедени се дека православното христијанство, во „библиската Македонија“, им дозволува и колнење и желби од типот „Господ да ми (ни) суди“ и „Господ да ме (нé) казни“, т.е. „Господ да ме (нé) земе/сотре/убие…“

Некои од мразителите чии постови вријат од вулгарности, навреди, шовинизам, длабоко се заразени со ксенофобија (од помеката варијанта на пребројување на крвни зрнца – „сите да се вратат од каде што дошле“ и „имаш генетски страв од ВМРО“, до изблици на фашизам – „треба да се изораат сите тревки со туѓо ѓубре загадени“), со посебен акцент на албанофобијата. А некои, кои се претставуваат како фанови на Ердоган, однапред се ситат поради блиската иднина кога, според нив, ќе бидат „исчистени „соросоидите’, ‘наркоманите’ и ‘предавниците’“…

Налудничавата леснотија со која се колне и се заканува, се посакува смрт и „чистење“ на стотици, илјадници луѓе, само затоа, што сакаат промени, е застрашувачка.

И, е најгрозоморната илустрација за тоа каде оди Македонија! И колкава е одговорноста на оние кои потпалуваа(т) и разгоруваа(т) омраза и зло. Оние кои и од маалските луѓе, со сите нивни доблести и маани, во длабоко антагонизираната Македонија, направија мразители-душевадници… (За кои, сé уште, сакам да верувам дека нема да преминат од зборови на дела). Инцијаторите, поттикнувачите на омразата, едноставно мора да се сопрат! Ако надвладее лудилото, ќе биде неважно пребројувањето: колку изманипулирани, неинформирани, заблудени, од една, или свесни, човекољупци, идеалисти, од друга страна, има меѓу жртвите…

Tags: „предавници“„продадени души“„соросоиди“закани со смртклетвимразителинавредипцостиреакцииФејсбук профили
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ