Твитер профилот Чичко Стоилко (@cicko_stoilko) излезе со листа на профили на оваа социјална мрежа поврзувајќи ги со реални личности, користејќи нивни Фејсбук профили и објаснување дека тоа се луќе кои се платени да шират партиска пропаганда во работно време и дека за тоа се платени. Под хаштагот #Дувло маркирани се познати и помалку познати личности поврзани со партијата ВМРО-ДПМНЕ. На таа листа може да се забележи и името на Антонијо Милошoски, лица блиски до Христијан Мицкоски, како и вработени во Управен суд и Службен весник на РСМ.
Меѓу нив е Клементина Брзаковска, вработена во Службен весник а поврзана со Твитер профилот Маќето (@Maket099)
ЦИВИЛ Медиа ја обрати до Службен весник со прашање дали се запознаени дека за нивната вработена се обвинува дека под Твтиер профилот @Maket099 во работно време шири партиска пропаганда и дали имате некои индиции за ваквото нејзино однесување.
„Со именуваната вработена разговараа претпоставените вработени и в.д. Директорот на претпријатието. Именуваната изјави дека доставила пријава и приложи копија од доставената пријава до СВР – Скопје, Единица за економски и компјутерски криминал, за злоупотреба на нејзиниот идентитет, злоупотреба на слики на нејзините малолетни деца и загрозување на нивната безбедност на социјалната мрежа Твитер“, одговорија, кратко, за ЦИВИЛ Медиа од ЈП Службен весник на Република Северна Македонија.
За Антонијо Милошoски, како и на многу други прашања и на ова не добивме одговор од неговата партија.
Б. Ј.