• Latest

Дваесет години низ судските лавиринти: Како Телеком го истисна „ФокусНет“ од македонскиот интернет пазар

June 1, 2023

Транспаренси интернешнл: Паравоени разузнавачки служби како знак на отворена диктатура, владата на Република Српска воведува паралелни институции за зачувување на режимот

July 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на Channels Television

 Омбудсманот Лубинец: Внатрешната анализа на ОН покажа дека Русија е одговорна за експлозијата во затворот Оленовка во 2022, во која загинаа над 50  украински воени заробеници

July 1, 2025

Со електронско пријавување се овозможува движење низ „Шар Планина“

July 1, 2025

Национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата: Коментари во регионот за митингот во Белград

July 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
Kanal13

Азербејџан уапси новинари на руската државна новинска агенција „Спутник Азербејџан“, растат тензиите со Москва 

July 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Најмалку 41 лице убиено, 75 повредени во израелски напад врз кафуле во близина на пристаништето во Газа 

July 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Хуманитарната група за Газа, поддржана од САД и Израел, мора да биде затворена, порачуваат 130 добротворни организации

July 1, 2025
Фото: news.cgtn.com

Трамповото намалување на глобалната хуманитарна помош ризикува предизвикување 14 милиони дополнителни смртни случаи до 2030 година

July 1, 2025

Лидерски самит на ЕУ и Западен Балкан денеска во Скопје, посветен на планот за раст

July 1, 2025

Електронскиот попис како поле на судир меѓу политичките партии и етничките заедници

June 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Дваесет години низ судските лавиринти: Како Телеком го истисна „ФокусНет“ од македонскиот интернет пазар

June 1, 2023 16:14
in АНАЛИЗИ, ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

СОЊА ТАНЕСКА

По 11 години талкање по судските ходници, во 2014 година, сопственикот на „ФокусНет Доо Штип“, Зоран Алесков, со пресуда на Вишиот Управен суд го добива спорот со Телеком во која се вели дека неговата фирма е истисната од интернет пазарот поради злоупотреба на монополската позиција на Телеком.

За ова претходно има и одлука од Комисијата за заштита од конкуренција која утврдила дека Телеком ги загорзил конкурентските можности на „ФокусНет Доо Штип“.

 

1 of 2
- +

Но, сепак, со одлуката на Вишиот управен суд, која ја потврдува претходната одлука на Управниот суд од 2013 година, во која се вели дека Телеком ја злоупотребил својата доминантна позиција, не завршува талкањето по судските лавиринти. По оваа одлука, Алексов правдата ја бара од Основниот граѓански суд, каде започнува постапка за утврдување на штета предизвикана поради злоупотребата на монополската позиција на Телеком.

Но тоа не е крај за Алексов, туку ново исчекување. Се чека конечниот збор на Апелациониот суд, откако Основниот граѓански суд, по седум години судски процес, не му признава штета на „ФокусНет Доо Штип“.

Според документацијата со која располага ЦИВИЛ Медиа, во постапката за утврдување штета по основ на изгубена добивка „ФокусНет Доо Штип“ бара сума од 241.502.861 денари со пресметана камата.

Основниот граѓански суд, на 14.03.2017 година, дал налог за комбинирано вештачење од телекомуникациската и економската област до Националната групација за судски вештачења ДОО Скопје, за да се утврди конечната штета која ја предизвикал Телеком.

Според вештачењето, се утврдува дека уделот на „ФокусНет Доо Штип“, во времето додека постоел, бил 5,9 проценти, наместо очекуваните 14 проценти, бидејќи според документацијата, оваа компанија имала инсталиран капацитет од 14 проценти од вкупниот капацитет на државата, со кој во нормални услови на работа би остварил и најмалку 14 проценти удел на интернет пазарот и токму затоа се утврдува штета од 241 милон денари или, со пресметани камати, околу 13 милиони евра, сума што е значително помала од она за 14 проценти, што со каматите би изнесувала околу 30 милиони евра.

На 14.02.2018 година доставен е наод и мислење од Националната групација за судски вештачења, на кои има неколку измени и дополнувања, а на 12.07.2019 година, Телеком доставува дополнително вештачење од Правниот факултет, со што Националната групација на судски вештачења доставува нов наод кој ги зема предвид и вештачењето од Правниот факултет и на 21.01.2020 година до судот доставува трето по ред произнесување по приговор на вештиот наод. Следните неколку рочишта се водат со приговори и одговори поврзани со вештачењето, за во пресудата на Основниот суд да се посочи дека вештите лица утврдиле нереални високи вредности и добивка за оштетениот „ФокусНет Доо Штип“, а вештачењето е непрофесионално, необјективно и паушално, со што се одбива вкупната сума на штетата во вредност од 241.502.861 денари заедно со каматите.

Останува нејасно, зошто вештачењето кое го нарачува Основниот суд во записниците од рочиштата го прифаќа, а потоа во пресудата го критикува. Исто така е нејасно зошто судот прифаќа  вештачење кое дополнително го нарачал Телеком, со потпис од Правниот факултет во Скопје, чиј основач секако е Владата на Северна Македонија, која има и 40 проценти удел во Телеком, што во реалноста е судир на интереси.

Побаравме коментар од Основниот граѓански суд зошто вештачењето е прифатено, а потоа искоментирано како необјективно, од таму добивме одговор дека не се коментираат судски одлуки.

Во  прилог се двете прашања испратени до Основниот граѓански суд:

-Дали би можеле да ми кажете зошто во пресудата за тужителот Фокус нет доо Штип со Македонски Tелеком, во запсиниците сте го прифатиле вештачењето, а додека пак во пресудата имате забелешки на истото вештачење и го отфрлате?

-Исто така велите дека пресудата е прочитана јавно на рочиште на 14.10.2022 година, но тогаш не се одржало рочиштето за пресуда бидејќи судијката заминала поради неодложни обврски

Сепак по период од 5 години, кога Алексов сметал дека конечно завршува неговото талкање по судовите на 14.10.2022 закажано е рочиште за објавување на пресудата, но тој ден судијката не се појавува во судот, туку пресудата ја испраќа по пошта на 6 април 2023 година, а одлуката е дека тужбата за штета од „ФокусНет Доо Штип“ – се одбива.

Покрај тоа, во пресудата се вели дека истата е јавно објавена на 14.10.2022 година, за што Алексов тврди дека тоа не е точно, но најспорниот дел се коментарите за вештачењето во самата пресуда, за кои се вели дека не ја утврдуваат фактичката состојба, а во самата пресуда се мешаат двата процеси и се коментираат одлуки на Вишиот Управен суд, кој веќе еднаш ја утврдил монополската позиција на Телеком.

Одговор и коментар не добивме ниту од Националната групација за судски вештачења ДОО Скопје. Вештител лица ги прашавме:

-Дали можете да ми дадете свој коментар околу вештачењето на предметот за отштета на ФокусНет Доо Штип и Македонски Телеком?
– Дали вашето вештачење е нарачано од Основниот граѓански суд и кога?
-Дали вашето вештачење е прифатено од судот и на кој датум?
-Зошто се прифаќани дополнителни вештачења кои ги доставил тужителот и дали вие ги прифаќате овие вештачења?
-Која е сумата која сте ја одредиле според вештачењето да му биде исплатена на Фокус Нет Доо Штип?

Процесот е започнат во 2003 година и по 20 години низ судовите, Алесков сега надежта за правда ја гледа во Апелација.

Испративме прашања и до Телеком, побаравме нивен коментар за случајот, но до објавувањето на текстот не добивме одговор.

Во 2001 година „ФокусНет Доо Штип“, добива концесија за давање интернет услуги и врз основа на таа концесија склучува договор со Телеком за ширење на својата мрежа низ земјата.

Тогаш пристапот беше можен само преку телефонска линија и модем и важно беше повикот на воспоставување на врската со провајдерот да биде локален. Затоа стратегијата на „ФокусНет Доо Штип“ била да постави пристапни точки во сите градови кои беа седишта на регионите со различни повикувачки броеви. Во 2002 година, мрежата била раширена во 6 градови (ШТип, Струмица, Кочани, Велес, Куманово и Прилеп) со покривање на 40 проценти од територијата со население од повеќе од 700.000 жители. На овој начин Телеком во тој период од пазарот изгубил 85 проценти од територијата бидејќи во исто време функционирале и провајдерите Мол, Унет и ОнНет кои во тој период оперирале само во Скопје.
„ФокусНет Доо Штип“, имал седум активни уреди со вкупно 210 пристапни повикувачки линии, а тие линии тогаш претставувале повеќе од 14 проценти од вкупниот капацитет на сите провајдери во Македонија. Капацитетот (брзината на мрежата бил мултиплициран со сателитски линк за симнување податоци

„ФокусНет Доо Штип“, престанува да постои на 18.12.2002 година.


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ