• Latest

Дваесетина македонски компании добија прашања за корпоративната општествена одговорност

August 27, 2024

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА ЕДУКАЦИЈА

Дваесетина македонски компании добија прашања за корпоративната општествена одговорност

August 27, 2024 14:31
in ВЕСТИ, ЕДУКАЦИЈА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦивилМедиа започна серија прилози за корпоративната општествена одговрност, следејќи го глобалниот предизвик на големите светски компании по чија општествена одговорност се цени и нивниот успех.

Дефинирајќи ја корпоративната општествена одговорност и поставувајќи ги клучните прашања колку компаниите се општествено одговорни, а колку ја користат како маркетиншка алатка, ЦИВИЛ вниманието го насочи кон Северна Македонија и одговорноста на нашите компании.

Водејќи се по критериумот на големината и профитот остварен во 2023 година, ЦивилМедиа испрати прашања на оваа тема до 20 и повеќе компании, со цел да ја претстави корпоративната општествена одговорност пред јавноста со конкретни примери од компаниите кои својот приход и профит го реализираат во земјава.

Од компаниите побаравме да споделат примери, документи, стратегии за корпоративна општествена одговорност на компаниите и нивните достигнувања или проекти во таа насока.

Конкретно, прашањата што им ги поставивме на компаниите минатата недела се:

  • Дали вашата компанија има стратегија за корпоративна општествена одговорност и во што се состои? (Ве молиме, споделете линкови или документи достапни за јавноста.)
  • Кои се главните достигнувања и проекти на вашата компанија во областа на корпоративната општествена одговорност? (Ве молиме, споделете линкови или документи достапни за јавноста.)

Наскоро, ќе биде објавен списокот на компании до кои се обративме со овие прашања, како и нивните одговори. Македонски Телеком и Комерцијална Банка АД Скопје се првите компании што одговорија на нашите прашања.

Во меѓувреме, ЦивилМедиа ќе продолжи со објавување едукативни содржини за темата општествена одговорност. Редакцијата ги повикува сите што имаат информации и примери за корпоративната општествена одговорност, како позитивни, така и негативни, да ги споделат со јавноста преку нашата медиумска платформа. Сите информации ќе бидат дополнително проверени и верификувани.

Б. Јордановска


КОНТАКТИ


Што е општествена одговорност?

Tags: корпоративна општествена одговорностмакедонски компании
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ