Никола Груевски, во отсуство, денеска е осуден на две години затвор за противзаконско влијание на Министерството за внатрешни работи во набавка на блиндиран мерцедес од 600.000 евра во случајот „Тенк“.
За истиот предмет осуден е и Ѓоко Поповски на 6 години и 6 месеци за употреба на службена должност. Оваа прсуда ја надополнува вчерашната пресуда со кој Поповски е осуден на 9 години затворска казна за за незаконска набавка на 300 возила за МВР.
Против Никола Груевски се покренати 5 кривични обвиненија, а ова е првата пресуда на Кривичниот суд.
Во меѓувреме мала група на граѓанки и граѓани протестираа пред судот во поддршка на Никола Груевски.
Б.Ј.