Македонско-грчката спогодба за надминување на спорот со името го потпишаа Никола Димитров од македонска и Никос Коѕијас од грчка страна, а посредникот Метју Нимиц, во својство на сведок и специјален пратеник на ОН. Церемонијата на потпишување се случи во присуство на македонскиот и грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас.
Потписите беа ставени во 10:30 часот по македонско, односно во 11:30 часот по грчко време. Во овој момент, завршија и цереминијалните говори. Лидерите ќе го прослават потпишувањето на Спогодбата со ручек на македонска територија.