• Latest

Движење на платите во јавната админстрација во Македонија

May 16, 2018
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Движење на платите во јавната админстрација во Македонија

May 16, 2018 13:21
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter
Од 18.174 денари просечна месечна нето плата кај административните државни службеници во Секретарјатот за спроведување на Рамковниот договор, до 90.215 денари просечна месечна нето плата во Регулаторната комисија за домување, е движењето на платите во јавната администрација, покажува анализата направена од Фондацијата за демократија на Вестминстер.

Анализата дава приказ на движењето на платите во јавната администрација, за периодот од 2010 година до денес, како и просечните месечни плати по вработен за одделни буџетски корисници и вработените во регулаторните тела.

„Од 2010 година до денес, може да се забележи тренд на зголемување на просечната месечна бруто плата во секторот јавна управа и одбрана и задолжително социјално осигурување и тоа од 36.800 во 2010 на 41.300 на крајот на 2017 (ноември). Ваквиот тренд на зголемување е поголем од зголемувањето на просечната месена бруто плата која од 30.225 денари во 2010 година се искачи на 34.079 денари, што значи дека разликата помеѓу просечната месечна бруто плата во секторот јавна управа и одбрана и задолжително социјално осигурување и просечната месена бруто плата во РМ од 6.575 денари во 2010 година се зголеми на 7.215 денари во ноември 2017 година. Сличен тренд бележи и нето износот, и тој од 24.855 денари во 2010 година, се зголеми на 27.805 денари во ноември 2017 година, што во однос на просечната месечна нето плата е повеќе за 4.300 ден. во 2010 година, т.е. 4.609 денари во ноември 2017 година. Исто така, значајно е да се напомене дека бројот на вработени во секторот јавна управа и одбрана и задолжително социјално осигурување е во постојан пораст и од 42,474 во 2010, се искачил на 47,364 во 2016, што претставува околу 15% од вкупно вработените во Република Македонија за време на анализираниот период“ стои во извештајот.

Во буџетот за 2016 година, просечниот износ за плати по вработен кај сите буџетски корисници на централниот буџет изнесувал 42.563 денари, што е речиси за 10.000 денари поголем износ во однос на просечната бруто плата во Македонија за 2016 година.

Во платите во регулаторните тела, може да се забележи дека просечните бруто и нето плати на сите 10 институции се поголеми од просечната бруто и нето плата во државава.

Оваа анализа е првично изработена за потребите на пратениците во Собранието на Република Македонија, со цел да им даде дополнителни информации кои би ги користеле во рамките на собраниската дебата и да им помогне во вршење на поквалитетен финансиски надзор врз работата на извршната власт.
Анализата е подготвена од Фондацијата за демократија на Вестминстер, во рамките на проектот „Поддршка на македонската парламентарна реформа“, со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје.
А.П.
Tags: анализаБританска амбасадаизвештајјавна администрацијаплатаФондација за демократија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ