• Latest

Беса е разочарана од првите 100 дена на Владата

September 7, 2017

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Беса е разочарана од првите 100 дена на Владата

September 7, 2017 11:13
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Движењето Беса е разочарано од првите 100 дена на Владата, според оценките на нејзиниот лидер Биљал Касами. Тој вели дека нивната одлука да бидат воздржани при гласањето за Владата во парламентот била исправна и оправдана.

Понатаму, Касами набројува повеќе забелешки на сметка на Владата предводена од Зоран Заев. Тој ја обвинува Владата за продолжување со истиот начин на политизација на државните институции, како и претходната власт.

„Наместо оценување врз основа на професионализам, владејачката партија продолжува да биде биро за вработување, па дури и интервенираше во научни и образовни институции“, се вели во оценката на партијата.

Беса гледа  проблеми и во ребалансот на буџетот, со што се оштетени особено Албанците, со тоа што, според партијата, меѓу другото, Владата „не одвои средства за основна инфраструктура во албанските населби“. Касами ја обвини Владата дека одбила амандмани на Беса „дури и кога се работи за прашања за водовод и канализација, а да не се споменат и амандманите кои се однесуваа на културата и науката“.

На движењето Беса ѝ пречи и отвореноста на Владата кон прашањата поврзани со правата на ЛГБТИ заедницата. „Како конзервативна партија, реагиравме на овој феномен и го кренавме гласот за одбрана на традиционалното албанско семејство, како заедница меѓу два спротивни пола… Ова го правиме не само поради нашата програма и нашата политичка платформа, туку повеќе поради иднината на нашите генерации, на кои не сакаме да им ги оставиме овие проблеми“, вели Касами.

Движењето Беса не е задоволно ни од реформите во правосудниот систем, без оглед на тоа што пратениците на оваа партија гласаа за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски. Тие се разочарани што случајот „Монструм“ сè уште не е решен.

Според Касами, расправата за употребата на албанскиот јазик како службен, не го решава овој проблем до крај, иако препознаваат напредок во оваа сфера.

Движењето Беса протестира поради тоа што „оваа Влада продолжува да го крши Изборниот законик, негирајќи го правото на Движењето Беса да има свој член во Државната изборна комисија.“

На крајот, Касами вели дека досега се обидоа да бидат максимално конструктивни, но и дека „отсега, Движењето Беса нема да простува“.

Tags: „Монструм“АлбанциБесаБиљал КасамивладаДИКЗврлевскиизборен законикЛГБТИ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ