• Latest

Деца, сакајте се, животот е краток за глупава омраза!

September 15, 2017

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Не прашувам реторички: што правите, бе?

July 19, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026

Русија повторно ја нападна украинската железница: двоен удар врз патнички воз во Запоришката област

July 18, 2026
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Деца, сакајте се, животот е краток за глупава омраза!

September 15, 2017 17:18
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Додека големите чичковци се препукуваат преку медиумите, социјалните мрежи, на улица…, за тоа кој е поголем патриот, и додека разни „тврди“ и „потврди“, под палката на ВМРО-ДПМНЕ, шират параноја и омраза, тврдејќи дека Македонија и Македонците ќе ги снема поради „тирански платформи“, „мигранти (муслимани)“…, и се колнат дека државата и нацијата ќе ги бранат по цена на туѓиот живот, младите (средношколците) од различни етнички заедници, секојдневно правдата ја делат со тупаници, клоци, боксирачи, ножеви…

Пишува: Дехран Муратов

Вчера, додека чекав автобус на скопската Меѓуградска автобуска станица, неколку момчиња на 15-16 годишна возраст, почнаа да тепаат еден средношколец. Морав да реагирам и да ги раздвојам… „Тепачите“ се повлекоа, откако им преговорив на нивниот мајчин јазик.

Го прашав нападнатото момче зошто го тепаа, а тој ми одговори: „Ми кажаа нешто на албански јазик, јас им одговорив дека не ги разбирам, а тие ми викаа: ‘Не знаеш што ти збориме, а на Фејсбук знаеш да нè пцуеш!’, и почнаа да ме маваат. Ниту знам кои се дечките, ниту некогаш сум опцул, или навредил некого, посебно не, на Фејсбук“.

Се понудив да викнам полиција за да ги пријави. Но, одговорот на момчето беше „што џабе ќе ги пријавувам во полиција, нема ништо да се промени, нема ни да ги најдат“.

Во тој момент, се почувствував засрамено, бидејќи дечкото имаше повеќе доверба во мене, отколку во полицијата… (Мора да истакнам дека напомош дојдоа уште 2-3 Албанчиња, да ми дадат подршка во заштитата на тепаното Македонче). Но, за разлика од неколкутемина кои реагиравме, останатите присутни беа неми набљудувачи, вклучувајќи ги и вработените и контролорите на ЈСП. А кога една госпоѓа реагираше кај нив да преземат нешто и да повикаат полиција, вработените ѝодговорија дека не се надлежни за тоа!

Можеби натепаното момче е во право, можеби во МВР се презафатени, бидејќи се во потрага по избеганите ексколеги од УБК, кои се обвинети од СЈО. Можеби, кога ќе ги фатат нив, ќе имаат повеќе време да ги штитат и обичните граѓани, пред сѐ младите! Но, кој ќе поднесе одговорност ако при тепачка, некое дете/момче биде убиено?! Кој ќе биде виновен, родителите, МВР, наставниците/професорите, партиите, ѓаволот?!

МВР треба сериозно да работи и да се посвети на безбедноста и слободата на младите. Можеби, секој ден треба да има полициска патрола на Автобуската станица, најчесто во периодот кога младите одат во и доаѓаат од училиштата, околу 12-13,00 часот и 18-19,00 часот. Порано, имаше неколку акции на полициските „алфи“ кои без најава се качуваа во автобусите и вршеа претреси на патниците. Не сум за такви акции, но за жал, ако мора, додека не се променат работите, нека се изведуваат и почесто, бидејќи така младите, во своите ранци можеби ќе носат училиштен прибор и книги, наместо палки, шипки, боксирачи, ножеви, синџири…

Жално е тоа што политиката и национализмот навлегоа толку длабоко во сите општествени пори, што младите без проблем, ќе набројат десетина политичари, а нема да знаат да набројат наслови на три книги што ги прочитале во последниот период, или две театарски претстави… Ми недостасуваат деновите кога бев средношколец, во ризичната 2001 година, иако имаше и оружени конфликти, сепак, јас и моите другари зборувавме главно, за фудбал и за девојки. Денес, додека секојдневно се возам во автобус со средношколците, сè почесто слушам „политички дебати“!

Дечки, дај оставете ја политиката и национализмот на „големите чичковци“, кои нели, се „умни“ за такви работи. А вие, дружете се, сакајте се, бидејќи животот е краток да го поминете во затвори. Или, далеку да е, да си го скратите, како нечии жртви!

 

Tags: МВРМеѓуградска автобуска станицанационализамомразасредношколцитепачки
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ