„Дирекцијата за заштита и спасување апелира до сите градоначалници и единици на локалната самоуправа да ги преземаат сите неопходни мерки за расчистување на снегот и снежните наноси заради нормално одвивање на сообраќајот и заштита на населението согласно Законот за заштита и спасување“, се вели во соопштението на Дирекцијата.
Од ДЗС информираат и дека будно ја следат состојбата со временските услови во целата земја.
Според законот за јавна чистота, глоба во износ од 1 000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правното лице сопственик, односно корисник на јавен објект ако не го исчисти снегот од отворениот простор пред јавниот објект. Глоба во износ од 4 000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице ако не обезбеди редовно и квалитетно одржување на јавната чистота и чистење на снегот на јавни површини во зимски услови.
Д. М.