Во недела, 9 февруари, ќе се одржи меѓународна регионална конференција „Еден Балкан кон ЕУ“ чиј домаќин е Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, а е во организација на повеќе невладини организации од регионот: Прогрес – Институт за социјална демократија од Северна Македонија, Фондацијата
„Борис Дивковиќ“ од Босна и Херцеговина, Фондација „Ќемал Стафа“ од Албанија, Форум на леви иницијативи од Босна и Херцеговина и Центар за модерни вештини од Србија, поддржани од шведскиот Олоф Палме интернационален Центар и Меѓународната фондација на Центар партијата.
Конференцијата e завршен настан на регионалната едукативна младинска програма „Прогресивна политика во Западен Балкан – ПрогВеБ“, а ќе се фокусира на предизвиците на земјите од Западниот Балкан со кои се соочуваат на патот на евроинтегративниот процес.
Настанот ќе биде домаќин на повеќе регионални лидери на социјал-демократски и либерални политички партии, како и неколку пратеници во Евро-парламентот од социјал-демократската група (S&D Group)
и од либералната група (ALDE).