• Latest

Еден човек повеќекратно уплатувал големи суми за ВМРО-ДПМНЕ

October 6, 2020

Естонија е подготвена да испрати мировници во Украина

August 22, 2025
Фото: МИА Архива

Илјадници Италијанки жртви на сексуално насилство: Група на Фејсбук споделувала интимни фотографии на жени снимени без нивно знаење

August 22, 2025

Гутереш: Ситуацијата во Појасот Газа е „катастрофа предизвикана од човекот“

August 22, 2025
Обновливи извори на енергија

Албанија пред Норвешка и Данска – европски шампион во обновлива енергија

August 22, 2025
Фото: Претседател на Украина

Руте од Кијив: Работиме на безбедносни гаранции за Украина за да спречиме повторен напад од Русија

August 22, 2025

24 ЧАСА: ДИК пресече – познат бројот на општински советници; ОН ја осудија бруталноста на српската полиција; Палестинците го предаваат оружјето во бегалски камп во Бејрут; ЦИВИЛ отвори повик за изборни набљудувачи

August 22, 2025

ДИК го усвои Регистерот на медиуми за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

РЕАКЦИИ: Приватното здравство – спас или профит на сметка на граѓаните?

August 22, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Високиот комесар на ОН ја осуди неоправданата употреба на сила од страна на српската полиција на протестите

August 22, 2025
Фото: Д. Мишев / Цивил Медиа

ДЗР: Просечна нето плата за јуни изнесувала 45.468 денари

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Еден човек повеќекратно уплатувал големи суми за ВМРО-ДПМНЕ

October 6, 2020 13:34
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во Кривичниот суд во Скопје, продолжи сослушувањето на сведоци во процесот од аферата „Титаник”. Прв на денешното рочиште сведочеше сведокот Панче Коцев од Неготино.

На прашање од јавната обвинителка Лиле Стефанова дали лично или преку друг некогаш донирал финансиски средства за некој политички субјект, сведокот изјави дека никогаш не донирал пари за некоја политичка партија.

Сведокот Кристина Белевска, вработена како преведувач во Владата на Македонија изјави дека од општи познавања знае дека партиите се финансираат од членарина и донации.

Таа рече дека во периодот од 2011 до 2014 година потврди дека плаќала членарина и донации за политичка партија.

„Без разлика дали било лично или преку уплатница, се сеќавам дека сум уплатувала лично, но и сум давала пари на луѓе кои уплаќале за мене. Преку уплатница не се сеќавам колку имам уплатено, а знам дека било неколку пати така уплатено. Минало време, за сумата не се сеќавам“, рече сведокот.

Белевска рече дека членарината ја плаќала лично во Месниот или во Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Нагласи дека по некогаш за уплатите добивала документ каса-уплати. Моите уплати, рече сведокот, можно е да достигнале сума од околу 60.000 денари.

Третиот сведок на ОЈО, вработен во НЛБ, изјави дека во 2014 година работел во експозитурата на банката во скопската населба Кисела Вода.

– Се сеќавам дека при крај на работното време, имаше голем број  луѓе кои чекаа ред за уплата. Немав целосен увид во објектот колку луѓе имаше во филијалата. За износите на уплатниците не се сеќавам, а уплатите беа насочени кон ВМРО-ДПМНЕ – рече сведокот, кој додаде дека уплатите биле исправни според тогашните законски правила на државата и банката.

Сведок во постапката, вработена во НЛБ банка како комерцијалист, рече дека во 2013 година работела во експозитура Дирекција кај Т.Ц. “Рамстор” во благајна.

„Уште кога се вработив во 2012 година, имаше обичај од страна на клиенти да се носат поголем број на уплатници. Имаше случај кога имаше низа уплатници кон ВМРО-ДПМНЕ од едно лице кое ги уплати парите, а уплатниците беа на различни идентитети. Најмалку три пати истото лице доаѓаше и уплатуваше. Износот кој се уплаќаше варираше од 30.000 до 60.000 денари. Парите беа спакувани како од банка извадени, во пачки спакувани. Не се сеќавам точно на изгледот на машкото лице кое ги уплаќаше парите“, рече сведокот.

На прашање на јавниот обвинител дали може да го препознае тоа лице во судницата, сведокот одговори негативно. Сведокот Александар Маневски од скопско Зелениково, вработен во А.Д. МЕПСО, изјави дека знае дека партиите се финансираат од чланарина и донации.

– Јас имам уплаќано чланарина за политичка партија. Тоа беше за ВМРО-ДПМНЕ, а парите се уплаќаа во Месните комитети. За порано не се сеќавам. Од пред една година уплаќам електронски. Еднаш уплатив за шест месеци, односно износ од по 100 денари за месец. Имам уплатено и донации за ВМРО-ДПМНЕ. Еднаш преку банка имам донирано, но и во партискиот штаб сум донирал потребни работи. Немам дадено на друго лице во мое име да уплати пари за мене – изјави сведокот Маневски.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ