• Latest

Единаесетта конференција за плаќања и пазарна инфраструктура

June 6, 2018
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Единаесетта конференција за плаќања и пазарна инфраструктура

June 6, 2018 10:14
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Време е за дигитализација“ е тема на единаесеттата конференција  за плаќања и пазарна инфраструктура што од денеска до 8 јуни ќе се одржи во Охрид во организација на Народната банка на Република Македонија во соработка со Централната банка на Холандија. На отворањето на конференцијата е најавено обраќање на гувернерот на НБРМ, Анита Ангеловска-Бежоска.

На конференцијата, што традиционално има меѓународен карактер, предавачи се високи претставници од Европската комисија, Европската централна банка, централните банки кои му припаѓаат на Европскиот систем на централни банки, Банката за меѓународни порамнувања и Светската банка. Оваа година потврдено е учеството на претставници од 21 централна банка од регионот на Западна, Централна и Источна Европа, Заедницата на независни држави, Блискиот Исток и Северна Африка, што недвосмислено го потврдува високиот квалитет и препознатливоста на оваа конференција во меѓународни рамки.

Конференцијата ќе опфати теми коишто, меѓу другото, ќе се однесуваат на новите дигитални технологии за плаќање развиени од секторот Финтек, безбедноста во дигиталната трансформација, глобалните трендови во финансирањето на трговијата, како и новата регулатива во платежната област во Европската Унија.

За време на конференцијата ќе биде одржана панел-дискусија на која истакнати експерти од платните системи, секторот Финтек и претставници од платежните институции ќе дискутираат за трансформативната моќ на дигиталните плаќања и предизвиците во плаќањата во интегрираниот свет.

Според организаторот, одржувањето на оваа конференција носи големи придобивки за платежната индустрија во домашната економија. Следењето на светските новини во оваа област треба да придонесе кон повисок степен на развој на платежните услуги, кон зголемување на нивната ефикасност и намалување на трошокот за нивно извршување. (МИА)

Tags: конференцијаНБРМпазарна инфраструктураплаќања
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ