• Latest

Едно општество за сите, ама за сите!

August 5, 2020

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Едно општество за сите, ама за сите!

Не може да биде министер/ка човек што можеби има изострено чувство за рамноправност по етничка основа, но затоа нема никакво разбирање за родовата еднаквост и различната сексуална ориентација од неговата/нејзината.

August 5, 2020 09:57
in АНАЛИЗИ, КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Во овој и веројатно во уште неколку наредни текстови, ќе се обидам да дадам јавен и позитивен придонес кон градењето на конкретни делови од програмата, политиките и практиките на новата влада. Можеби дел од моите читателки и читатели ќе мислат дека ова се малку здодевни четива, веројатно со право, но ги замолувам да ги прочитаат со внимание и да се вклучат во дискусијата по неколку важни прашања. Па не мора сè да биде забавно и скокотливо, нели?

Денеска сакам да дадам мал придонес кон една од најважните стратегии за нашата земја, низ неколку оценки за работата на претходната влада. Ве молам, бидете трпеливи и прочитајте до крај.

Нема сомнение дека  Основите на концептот „Едно општество за сите“ ги создадоа десетиците илјади граѓанки и граѓани кои секојдневно демонстрираа на улиците на македонските градови барајќи слобода, демократија и еднаквост во последните години на режимот на Груевски.

Шарената револуција беше решавачката пресметка со режимот и покажа дека Северна Македонија е мултикултурно и мултиетничко општество. Во неа учествуваа граѓанки и граѓани од сите заедници во нашата земја. Оваа шарена граѓанска револуција беше движење во кое луѓето учествуваа како индивидуи, без оглед на нивната припадност или ориентација – етничка, верска, родова, социјална, политичка, сексуална…

Со паѓањето на режимот, сепак, не заминаа и разликите и поделбите, но ним силно им беше спротивставена стратегијата „Едно општество за сите“ која стана дел од владините политики и практики. Постоеше, како што и сега може да се препознае силната решеност да се гради општество на еднакви и слободни луѓе. За тоа да не биде само празна декларација без суштина, дел од водечките политички структури во земјата направија многу за тоа да стане реалност во нашата земја.

Владата на Зоран Заев што се формира по падот на Груевски беше отворена влада. Граѓанските организации не само што имаа непречен пристап, туку беа охрабрувани и поканети да учествуваат во процесите на носењето одлуки, подготовката на законите, создавањето на стратегии на локално и национално ниво. Може да се каже дека тоа беше успешна соработка, иако не секогаш предлозите од граѓанските организации беа реалистични и практични, а и владините институции не секогаш имаа доволно изострено сочиво да ги препознаат вредните и остварливи предлози.

Една од најголемите грешки во спроведувањето на стратегијата „Едно општество за сите“ беше формирањето на цело едно министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Се противев тогаш и ќе се противам и понатаму на формирање посебно министерство за овие важни прашања. Посебна приказна е тоа кој и како го водел или кој се очекува да го води тоа и таквото министерство. Не смее да се создава ништо што е налик на крајно неуспешниот Секретаријат за спроведување на Охридскиот рамковен договор.

„Едно општество за сите“ мора да стане концепт кој ќе го прифати и применува секој/а министер/ка во новата влада. И не само првите луѓе во министерствата, туку и сите што работат во тие министерства. Понатаму, овој концепт мора да стане дел од политиките и практиките на сите институции, како на национално, така и на локално ниво.

Не може да биде министер/ка човек што можеби има изострено чувство за рамноправност по етничка основа, но затоа нема никакво разбирање за родовата еднаквост и различната сексуална ориентација од неговата/нејзината.

Не може да биде наставник некој што има и негува предрасуди по било која основа. Наставниот кадар, било да е во основно училиште, било да е во високообразовните институции не смее да биде непријател, туку мора да биде промотор на концептот „Едно општество за сите“. Како може да се постигне тоа со формирање на едно министерство? Никако. Целата влада треба да биде отелотворување на тој концепт. А потоа и сите институции.

Кој сака да биде националист, фашист, расист, хомофоб, фундаменталист, мизогин… нека бара работа во приватниот сектор. И нека ги врати парите што претходно ги исцицал од граѓан(к)ите и од системот.

И најважно од сè, мора да се сфати дека ова не е општество на сите етнички заедници кои меѓу себе се трпат, пардон, се почитуваат, па живеат во своите паралелни светови. Ова е шарено општество каде што етничките, верските, социјалните, културните, родовите и сите други припадности, определби, ориентации и идентитети се еднакви, меѓусебно измешани и испреплетени.

И на крајот, но не и најмалку важно… Сите заедници се составени од индивидуи! Тоа мора да се препознае и признае, еднаш засекогаш. Живееме во заедници, но ние сме индивидуи. Само општество во кое индивидуите се препознаени и третирани еднакво и како посебни ентитети може да биде шаренолико и успешно. Во спротивно, ќе имаме тоа што и до сега го имавме, само малку постабилно ако на власт се прогресивни ентитети и ќе паѓаме кога на власт би дошле фашизоидна и криминална структура.

Не сум политичар и не сакам да бидам. Но сигурен сум дека ја разбирам политиката и затоа знам дека сево ова е можно и лесно остварливо.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ