• Latest
Премиер на Словенија, Јанез Јанша

ЕФН: Јанша извршува законски притисок за да ги стави медиумите под контрола

July 5, 2021
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

ЕФН: Јанша извршува законски притисок за да ги стави медиумите под контрола

July 5, 2021 14:06
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Премиер на Словенија, Јанез Јанша

Премиер на Словенија, Јанез Јанша

Share on FacebookShare on Twitter

Европската федерација на новинари (ЕФН) утрово одржа прес-конференција по повод преземањето на претседателството со ЕУ од страна на Словенија за да предупреди за влошувањето на состојбата со слободата на медиумите во оваа земја, јави дописничката на МИА од Брисел. ЕФН предупредува дека СТА е дел од обидите на Владата на Јанез Јанша да ги стави под контрола медиумите во Словенија преку законски и административни притисоци. Исти се обидите и со јавниот аудиовизуелен сервис, предупредува ЕФН, пренесува Слободен Печат.

Федерацијата заедно со други организации за слобода на медиуми објави детален извештај за Словенија во кој, меѓу другото, е даден примерот на државната агенција СТА, која со месеци е финансиски загрозена поради намалување на државните фондови.

– И покрај неодамнешната најава дека Владата конечно ќе исплати аванс од 845.000 евра за трошоците за 2021 година, останува сериозна загриженоста околу условувањето на овој договор и негативните последици врз независноста на Агенцијата. Сметаме дека Владата ова го прави само поради постојаните критики што ги доби поради своето делување и потребата да ја реши ситуацијата пред да го преземе претседавањето со ЕУ, оценува Федерацијата на европски новинари.

Организациите за слобода на медиуми оценуваат дека самиот премиер Јанша поттикнува токсична јавна дебата со тоа што лично напаѓа и оцрнува новинари вклучително преку државни канали. Ова, предупредуваат организациите, води до директни закани врз фелата, а жените новинарки се посебно погодени.

– Позади сцената, напорите на СДС е на пат да го ограничи критичното новинарство во мејнстрим медиумите и да ја зајакне мрежата на партиски медиуми поврзани со Владата. Пропагандните медиуми се наградуваат со лукративни државни реклами, додека владините претставници се обидуваат да вршат притисок врз уредништвата и да го намалат критичното покривање во најголемите медиуми, стои во оценката на извештајот на ЕфН.

За ЕФН е јасно дека ова се истите тактики како и во Унгарија под Виктор Орбан, и се забележува зголемениот број на медиуми чиј капитал е поврзан за партијата на Орбан во поддршка на партијата на Јанша, СДС.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ