• Latest

Ехото од скопското Кале

February 8, 2020
Фото: Фејсбук на Арбен Травари

Таравари си замина од владата на Мицкоски без испиено „сиктер кафе“

May 13, 2025

Денес: Вестминистерскиот сојуз за Украина се состанува во Лондон и онлајн за да ги зајакне демократското единство и поддршката за Украина

May 13, 2025

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

May 13, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

May 13, 2025

Полска ќе му забрани влез на Додик

May 13, 2025

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025

Јасна осуда на руската инвазија и дијалогот со Косово се клучни за европскиот пат на Србија, рече Кошта

May 13, 2025
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

(ДЕМАНТ) Фрчкоски: Срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за излегувањето на Таравари од владата?

May 13, 2025
Фото: Скриншот Х

(ВИДЕО) Израел бомбардираше болница во Газа, „Хамас“ тврди дека меѓу убиените паценти е и новинарот Хасан Аслих

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ехото од скопското Кале

Мицкоски ќе треба да бара начини на темата Преспански да си ја санира својата лидерска партиска позиција. По долгото мамење, само тој си знае како натаму, сега предизборно, ќе се вади од пропагандната клопка во која тој самиот си се смести.

February 8, 2020 07:27
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

од корнер: ЗОРАН ИВАНОВ

Човекот пак мами. Зборот е за Христијан Мицкоски. За предизборното време на актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ. За него и за тие најблизу до него. Човекот пак мами и тоа пак за Преспанскиот. А многу добро знае дека ниту запирка не ќе може да смени. Ниту пак ќе смее да пипне нешто во него. Па сепак, тој и натаму упорно, ќе го менувал.

На оваа тема, ваму кај нас, се сили. Таму, кај неа, кај американската амбасадорка, преде, пелтечи, поттрепнува. Нејзината изјава била во насока Преспанскиот договор да не се злоупотребува во изборната кампања. А таа всушност под мустаќ му списка тој и неговата партија повеќе да не ги манипулираат граѓаните со пораките за ревидирање на Преспанскиот.

Го прави тој тоа овде, надвор, пред граѓаните. Таму, внатре на калето, како и сите други наши, гувее како млада невеста. И сега за Преспанскиот слуша, трепка, клима со главата. Потоа, ваму надвор, се петелчи. Се мачи со некакви објаснувања за некакви совети, за некаква насока препорачана од американската амбасадорка. Бара зборови да ја ублажи пораката за тоа на каде и до каде тој, Мицкоски, ќе може да се движи со темата Преспански. Онака понизно лидерски објаснува дека всушност ќе мора да го заврти листот и дека ќе мора да престане со реториката со која досега манипулираше и со која досега си поигруваше со чувствата на луѓето.

Не му треба многу. Просто е. Би  можел само да го изговори тоа што го мисли. Само на луѓето да им каже тоа што е. Дека Преспанскиот е завршена работа. И дека на договорот  е ставена точка. Сѐ друго, секаква друга вербална еквибрилистика на темата Преспански, е само мамење. Свесно наменско политичко предизборно мамење.

Сега, по средбата со американската амбасадорка, своите на избори ќе мора да ги води со неговиот  радикално поинаков став. На противниците на Преспанскиот, на бојкотирачите, на граѓаните кои веруваа во чуда, ќе треба тоа подробно да им го објасни. Да им каже дека од него не го слушале тоа што го слушале. И ќе треба да бара начини на темата Преспански да си ја санира својата лидерска партиска позиција. По долгото мамење, само тој си знае како натаму, сега предизборно, ќе се вади од пропагандната клопка во која тој самиот си се смести.

А можеше и уште може да го следи примерот на грчкиот премиер. На младиот, исто како и татко му, тврдокорен националист Мицотакис. За тамошната, исто така тврдокорна јавност, тој гласно и јасно изговори дека Преспанскиот, на писмено и со грчки државен печат, ги признал и македонската држава и македонската нација и дека сега тој тука не можел ништо.

Грдо е да се мами. Кога тогаш, лагата се враќа. Онака, како бумеранг. Ако не се врати самата, ќе ти ја вратат од горе. Како сега на Мицкоски.

Како ехо од скопското Кале.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ