• Latest

ЕК забележува „одреден прогрес“ во Косово, бара поголема конструктивност во преговорите со Србија

October 12, 2022

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

ЕК забележува „одреден прогрес“ во Косово, бара поголема конструктивност во преговорите со Србија

October 12, 2022 18:35
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Европската Комисија (ЕК) денеска го усвои годишниот извештај, во кој, меѓу другото, од Косово и од Србија се бара приоритет да им биде напредокот во дијалогот во правец на постигнување сеопфатен и законски обврзувачки договор за нормализација на меѓусебните односи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во делот од извештајот посветен на Косово, се бара Приштина да се заложи поконструктивно и во спроведувањето на досега постигнатите договори во текот на дијалогот, додека во извештајот за Србија истото барање се упатува кон двете страни, како услов за нивен напредок во евроинтеграциите.

– Од Косово и Србија сега се бара да се заложат конструктивно и да постигнат напредок во преговорите за постигнување сеопфатен и законски обврзувачки договор за нормализација, без натамошно одолговлекување. Постигнувањето на таков договор е итна и клучна потреба за Косово и Србија да можат да напредуваат на нивниот пат кон евроинтеграциите, се вели во извештајот.

За односите со другите соседи и за регионалната соработка, ЕК оценува дека Косово има „генерално добри односи со Албанија, Црна Гора и Северна Македонија, но нема промена во формалните односи со Босна и Херцеговина, која не ја признава косовската независност и има визен режим меѓу двете држави.

Една од главните забелешки во делот на извештајот посветен на Косово се однесува на ефикасноста на работата на републичкото Собранието, за кое се вели дека „останува под негативно влијание на една поларизирана политичка атмосфера“ и дека, и покрај стабилното владејачко мнозинство, има проблеми со обезбедувањето кворум за донесување одлуки.

– Косово има политичка стабилност, во која Владата има солидно мнозинство во Собранието. Работата на Собранието останува под негативно влијание на една поларизирана политичка атмосфера и со тешкотии за обезбедување кворум за донесување одлуки, и покрај тоа што Владата има цврсто мнозинство. Ова се случува делумно поради слабото менаџирање на легислативната агенда, но и поради тоа што членовите на опозицијата во Собранието се воздржуваат од гласање со цел да се спречи усвојувањето на законите, се вели во извештајот.

Во однос на ситуацијата во северниот дел на Косово, населен со мнозинско српско население, се наведува дека таа и натаму претставува предизвик за властите, „посебно кога е во прашање корупцијата, организираниот криминал и условите за слободно изразување“.

ЕК забележува, како што стои во извештајот, „одреден прогрес“ во областите на реформата на јавната администрација и правдата, но и во тие сегменти очекува натамошен напредок и продолжување на координацијата и соработката со ЕУ.

За реформите во јавната администрација се забележува дека „има подготовки (за нивно спроведување), но напредокот е ограничен“, додека за правдата дека администрирањето во тој сегмент „останува бавно, неефикасно и неотпорно на непотребни влијанија“.

– Одредени позитивни чекори се преземени при развојот на сеопфатната стратегија за реформа во јавната администрација и за менаџирање на јавните финансии за 2022-2026 година… Реформата во правдата треба да се насочи првенствено кон подобрување на имплементацијата на постоечките средства за да се зачува интегритето, независноста и ефикасноста на судскиот систем, се вели во извештајот.

И во однос на борбата против корупцијата се вели дека во извештајниот период е постигнат извесен напредок со усвојувањето на значајна легислатива против корупцијата.

– Постои потреба од подобрување на општата законска рамка… Независно од досега вложените напори, постои потреба од цврста политичка волја за ефикасно справување со ризиците од систематската корупција, како и за силно кривично право во однос на корупцијата на високо ниво, порача ЕК.

Што се однесува до борбата против организираниот криминал, во извештајот се забележува дека е постигнат „ограничен напредок во истрагата и кривичното гонење“ на таквите случаи и дека „силните средства предвидени од Кривичниот законик и Законот за проширени надлежности за запленување сé уште не се целосно искористени“.

За борбата против тероризмот и насилниот екстремизам се наведува дека е постигнат прогрес согласно објективите определени со договорот меѓу ЕУ и Косово за Заедничкиот план за Западен Балкан за дејствување против тероризмот.

Во делот за слободата на говорот, во извештајот на ЕК се оценува дека „Косово има ниво на подготвеност и располага со плуралистички и витален медиумски амбиент“, но сепак загрижуваат притисоците врз медиумските работници.

– Останува загриженоста во врска со јавните кампањи и клеветите, заканите и физичките напади врз новинарите. Недостатокот од финансиска самостојност ги остава медиумите, вклучително јавниот радиодифузер, ранливи во однос на интересите на политиката и бизнисите, се вели, меѓу другото, во поглавјето посветено на Косово во годишниот извештај на Европската Комисија.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ